ⓘ Free online encyclopedia. Did you know? page 285




                                               

Модришка Река

Модришка Река - десна притока што реката Треска ја прима спротиводно на 62.2 км од својот влив. Извира од падините на Даутица, на надморска височина од 1.600 м, а се влева на 515 м кај селото Модриште. Вкупната должина од изворот до вливот и изне ...

                                               

Обедничица

Течението на реката е меѓу планините Бигла и Орман, а неа ја образуваат реките Смилевска со должина од 4.4 км и Стара Смилевска со должина од 3.8 км, кои извираат на надморска височина од околу 1.460 м. Водите на овие реки се влеваат една во друг ...

                                               

Оризарска Река

Сливното подрачје на Оризарска Река има годишно производство на ерозивен материјал нанос од 74.226 W-м 3 и со тоа спаѓа во групата на подрачја од втора категорија на опасност од ерозија.

                                               

Осојница

Осојница - река во источниот дел на Македонија, лева притока на реката Брегалница. Реката се наоѓа во атарот на општина Виница и извира на височина од 1.300 м на Плачковица. Нејзината должина изнесува околу 30 км. Главни притоки на Осојница се Бл ...

                                               

Оча

Оча - река во Поречието, северозападна Македонија, една од најзначајните понорници во земјата. Тече низ природниот резерват Јасен, и нејзиното поречие е значајно по разновидните ендемски и други видови, и нејзиниот горен дел подлежи на особено ст ...

                                               

Патишка Река

Патишка Река - река - понорница во Македонија. Се наоѓа на скопска Сува Планина, јужно од Скопје, поминува низ истоименото село Патишка Река и се влева во Маркова Река. Зафаќа сливно подрачје од 197.4 км 2. Извира собирајќи ги водите од гребенот ...

                                               

Пеколник

Пеколник - кратка река во западна Македонија, на граничното подрачје меѓу Поречието од Полошката Котлина. Претставува последна десна притока на Треска преку вливот во езерото Козјак. Долга е само 6 км.

                                               

Пена

Пена, во постарата литература Тетовска Бистрица, Тетовска Река - најголемата шарпланинска река после Вардар во Полошката Котлина. Таа е и воедно најголема вардарска притока од шарпланинските реки. Во подалечното минато се нарекувала Хтетовчица.

                                               

Петрошница

Реката настанува под ридското маало Долна Маала на селото Дејловце, Општина Старо Нагоричане, со слевањето на Трленски Дол и Брлошка Река. Тече во југозападен правец по долина меѓу ридските маала Горинци и Дудманица на селото Жељувино. Продолжува ...

                                               

Пешница

Пешница или Пештерска Река - река во Западна Македонија, притока на Треска. Таа е понорница која извира десетина метри во внатрешноста на пештерата Пешна. Оваа понорница според некои теории е Крапската Река која формира неколку езерца и водопоади ...

                                               

Подмолска Река

Подмолска Река - река во Македонија, која извира под падините на Селечка Планина, односно точно во подножјето на врвот Висока, во селото Бонче.

                                               

Пршева Река

Извира на планината Серта во месноста Преслап на 840 метри и од таму тече во многу стрмен и длабок дол наречен Пршово, според кој во горното течение го носи и името Пршово, каде собира повеќе помали притоки од малите засеци на долот под гребените ...

                                               

Пчиња

Пчиња - река во Македонија и Србија, лева притока на реката Вардар. Нејзиниот слив зафаќа површина од 3.140 км 2. Поголеми притоки и се реките: Бистрица, Петрошница и Крива Река, Кумановска Река. Му припаѓа на егејскиот слив.

                                               

Рабетинска Река

Рабетинска Река - река во западниот дел на Македонија, лева притока на Треска во Кичевскиот крај. Настанува во извориштето Мочур на надморска височина од 1.650 м, во јужните падини на планината Челоица, источно од Кичево. Поминува низ селата Рабе ...

                                               

Радибушка Река

Радибушка Река или Ранковачка Река - река која извира од планината Герман. Реката претставува десна притока на Крива Река, во која се влева кај селото Ранковце. По својот тек реката поминува и низ селото Радибуш, по кое и официјално го добила сво ...

                                               

Радика

Радика извира на 2.200 метри надморска височина под Враца. Од изворот до утоката во Дебарското Езеро е долга 67 км. На овој пат таа прима четири притоки и тоа: Жировничка Река, и Мавровска Река, Рибница, Мала Река. Радика има чиста, бистра и студ ...

                                               

Ракита

Ракита - река во Полог, северозападна Македонија. Се наоѓа во подножјето на планинскиот врв Љуботен, во близина на населеното место Вратница. Ракита позната и како Вратничка Река е составена од две притоки: Ливадичка и Љуботенска Река. Додека Лив ...

                                               

Рибница (Осоговска)

Рибница - река која ја сочинуваат Вратиславската Река, Тинта, Бесни Дол и други помали реки. Нејзиниот изворишен дел се наоѓа под врвот Омар на Осогово покрај државната граница со Бугарија. Должината изнесува 10.8 км, сливот има површина од 37.6 ...

                                               

Рибничка Река

Реката настанува од повеќе извори на планината Кораб, во околината на врвот Бачилски Камен и пределите Горни и Долни Чардак, источно од превалецот Шкртец, на надморска височина од околу 1.920 м, од каде потоа продолжува со спојување на Извирскиот ...

                                               

Росочка Река

Росочка Река - река која потекнува од селото Росоки, по кое и го добила своето име. Реката се наоѓа во малореканскиот крај, западна Македонија. Се влева во Тресонечка Река, која подоцна заедно со Гарска Река, ја создаваат Мала Река, збирно име за ...

                                               

Салаковска Река

Салаковска Река - река во Македонија на планинскиот масив Мокра. Настанува со истекување од Салаковските езера односно од истеката од Големото Салаковско Езеро кое е поврзано и се храни со вода од Малото Салаковско Езеро, високо под врвот Убава н ...

                                               

Сатеска

Сатеска - река која тече во југозападниот дел на Македонија. Извира во планинскиот дел на областа Дебрца во пазувите на Плакенска Планина и Илинска Планина. Течејќи низ котлината Дебрца собира вода од повеќе притоки, за потоа пробивајќи се низ Бо ...

                                               

Сатока

Сатока - река во Македонија која тече низ областа Мариово и претставува десна притока на Градешка Река која пак се влева во Црна Река од десната страна во Скочивирската клисура.

                                               

Светиниколска Река

За други значења видете на Азмак појаснување Светиниколска Река или Азмак - македонска река, десна притока на реката Брегалница и најголемиот воден тек во Овче Поле. Настанува од три помали водотеци краци: Мавровица, Караташ Црн Камен, Бериш и ко ...

                                               

Селечка Река

Селечка Река - река која потекнува од селото Селце, по кое и го добила своето име. Реката се наоѓа во малореканскиот крај, западна Македонија. Се влева во Тресонечка Река, која подоцна заедно со Гарска Река, ја создаваат Мала Река, збирно име за ...

                                               

Селска Река (Осогово)

Селска Река - река во источниот дел на Македонија, која заедно со Влаина Река ја образува Моштичка Река. Реката е со непостојан тек и во текот на летниот период пресушува.

                                               

Серава

Реката Серава настанува со составувањето на повеќе помали речни текови како Љубанска Река, Побушка Река, Турчевска Река, Мала Река и Љуботенска Река во подножјето на планината Скопска Црна Гора на нејзиното југозападно било. Во своите записи од 1 ...

                                               

Серменинска Река

Серменинска Река извира од месноста Две Уши на планината Кожуф, на надморска височина од 1700 м. Нејзиното течение продолжува по падините на Кожуф во правец запад-исток, по што навлегува во Гевгелиското Поле. Таа поминува низ селата Серменин и Мр ...

                                               

Слапска Река

Слапска Река или Смрека - река во Македонија, изворишна челенка од која настанува Боговињска Река. Извира од неколку помали но издашни извори високо на падините на Шар Планина во највисокиот дел на целата планина, односно во месноста Голема Смрек ...

                                               

Средна Река

Средна Река - река во Македонија, извира од Илинска Планина. Реката поминува низ селото Прострање, поради што во долниот тек од селото па сѐ до нејзиното влевање во Беличка Река го носи името Прострањчица.

                                               

Стара Река (Милеткова)

Стара Река е десна и прва поголема притока на Вардар во Валандовската Котлина. Извира од местото Балија на северните падини Кожуф на надморска височина од 1.180 метри веднаш под врвот Висока Чука висок 1.388 метри. Започнува да тече кон север как ...

                                               

Строшка Река

Строшка Река или Стровјанска Река - река во средишниот дел на Македонија, која преку каналите Рибник и Блато се влева во Црна Река како нејзина лева притока.

                                               

Струмица (река)

Реката Струмица или Струмешница - река која се наоѓа во југоисточниот дел на Република Македонија и потоа со своето корито навлегува во Република Бугарија каде се влева како десна притока на реката Струма. Должината на реката е 114 км, од кои 81 ...

                                               

Сува Река (Дервенска)

Сува Река или Суводолица - река во Тетовско и Скопско, последна лева притока на Треска ја прима спротиводно на 3.9 км од својот влив. Тече крај патот од Тетово за Скопје, во вкупна должина од 22 км. Иако реката го има називот "Дервенска" како опр ...

                                               

Сува Река (Скопска)

Сува Река - река, суводолица во Македонија, која протекува југозападно од градот Скопје. Како што укажува и нејзиното име таа претставува суводолица, која има постојан и висок водостој за време на топењето на снеговите на Караџица во текот на про ...

                                               

Тимјаничка Река

Тимјаничка Река или Неготинска Река - река која поминува низ градот Неготино, во средишниот дел на Македонија. Реката во текот на нејзиното течение низ градот Неготино е во целост уредена со посебен бетонски кеј, со што градот е заштитен од попла ...

                                               

Тополка

Тополка - река во Македонија, десна притока на реката Вардар. Нејзината должина изнесува 45 километри, а сливното подрачје зафаќа површина од 313 км 2. Извира високо на планинскиот масив Мокра Планина во пределот под врвот Солунска Глава и протек ...

                                               

Тополничка Река

Вкупната должина од изворот до вливот и изнесува 12.2 км, a коефициентот на развиеност е 1.27. Вкупниот пад помеѓу изворот и вливот изнесува 1.160 м, а просечниот изнесува 95.1‰.

                                               

Треска

Треска - река во Македонија, десна притока на Вардар. Нејзината вкупна должина изнесува 132 км, а сливното подрачје зафаќа 2.350 км 2. Друго име на оваа река е Голема Река, Велика Река или само Велика. Изворите на Треска се Еловечка Река, на исто ...

                                               

Тресонечка Река

Тресонечка Река - река која потекнува од селото Тресонче, по кое и го добила своето име. Реката се наоѓа во малореканскиот крај, западна Македонија. Реката заедно со Гарска Река, ја создаваат Мала Река, збирно име за сите реки од подрачјето на пл ...

                                               

Турија (река)

Турија - река во Македонија, десна и најголема притока на реката Струмица. Долга е 44.7 километри, зафаќа сливна површина од 263 км 2 и има релативен пад од 19 ‰. Во горниот дел се формира од два крака - Широки Дол којшто извира на Плачковица на ...

                                               

Црешневска Река

Црешневска Река - кратка река во Долно Порече, западна Македонија, помала десна притока на реката Треска. Вкупната должина од изворот до вливот и изнесува 6.8 км, минималната должина 6.1 км.

                                               

Црна Река

Извира од изворот Црна Дупка во близина на селото Железнец на надморска височина од 760 метри. Од изворот до селото Бучин, Црна Река тече низ Демирхисарско, а оттука до селото Скочивир низ најголемата котлина во земјата - Пелагонија. Низ Пелагони ...

                                               

Чеплеска Река

Чеплеска Река - река во Македонија на планинскиот масив Мокра. Се наоѓа на Орешка Планина и е притока на Бабуна. Настанува од неколку помали изворчиња, високо во буковата шума на планинскиот масив Мокра во близината на месноста на некогашното рас ...

                                               

Шемница

Реката Шемница извира од Баба Планина. Настанува со соединување на два поголеми потоци и Маловишка Река кои се соединуваат во Маловиште. Од таму течи низ Кажани каде се влеваат повеќе потоци кај селата Кажани, Доленци носејќи вода од масивот Врте ...

                                               

Штировица (река)

Изворишната област на реката се наоѓа меѓу врвовите Црна Чука и Котата, на источната падина во северниот дел на планината Кораб. Реката е образувана со спојување на неколку потоци во месноста Песок, на надморска височина од околу 1.950 м. Течение ...

                                               

Бугарска Чука

Чуката го добила името по распоредот на војските за време на Првата светска војна, каде што се протегала линијата на Солунскиот фронт. Веднаш зад чуката се гледа врвот Магаро, кој е највисоката точка на планината Галичица, со 2.275 m надморска ви ...

                                               

Гола Чука (Мариово)

Оваа статија е за чуката во Мариово. За чуката во кривопаланечко видете Гола Чука Кривопаланечко. Гола Чука е чука со висина од 1.336 м нмв во Република Македонија, со координати 41° 4 14" СГШ, и 21° 36 11" ИГД. На 25 септември 1903 г. македонски ...

                                               

Остра Чука (Гевгелиско)

Оваа статија е за чуката во гевгелиско. За чуката во кривопаланечко видете Остра Чука Кривопаланечко. Остра Чука - чука во Македонија со координати 41° 14 7" СГШ, и 22° 31 7" ИГД.

                                               

Фишланд-Дарс-Цингст

Фишланд-Дарс-Цингст - полустров, долг 45 километри, во крајбрежниот округ Западна Померанија-Риген, во германската сојузна покраина Мекленбург-Западна Померанија. Трите дела на полуостровот, од запад кон исток, се Фишланд, Дарс и Цингст. Постојат ...