ⓘ Free online encyclopedia. Did you know? page 35




                                               

Врчви (Чашка)

Наоѓалиштето лежи во обработени ниви непосредно северно од населбата Чашка во местноста Врчви која е сместена во подножјето на ридот кој се издигнува високо над клисурата на левиот брег на Тополка. Самото наоѓалиште на ранохристијанските гробови ...

                                               

Герен (Батање)

Герен - гроб од римско време. На источниот крај од селото Батање, во долот наречен Герен, кој се наоѓа под ридот Кала, во 1947 година Т. Анушев, копајќи камен, открил надгробна плоча од гранит, висока 1.40 метри, широка 0.40 метри и дебела 0.10 м ...

                                               

Горнополско Градиште (Велмеј)

Горнополско Градиште - археолошко наоѓалиште во охридското село Велмеј, Општина Дебрца. Претставува утврдена населба од раниот среден век. На околу 2.5 км воздушна линија југоисточно од селото, лево од меѓуселскиот пат Велмеј-Брежани и западно од ...

                                               

Градишор (Милетково)

Градишор - Мрамор - археолошко наоѓалиште во гевгелиското село Милетково. Претставува населба и некропола од раноантичкото и римското време. На 1.5 км јужно од селото, на десниот брег на Вардар, спроти наоѓалиштето Исар во Марвинци, во нивите на ...

                                               

Градиште (Лешани)

Градиште - археолошко наоѓалиште во охридското село Лешани, Општина Дебрца. Претставува утврдена населба од бронзено време. Се наоѓа на 2 км воздушна линија североисточно од селото, на доминантниот потег од планината што се протега меѓу Лешани и ...

                                               

Грамаѓе (Барово)

Грамаѓе - Дабје - археолошко наоѓалиште во Барово општина Демир Капија. Наоѓалиштето претставува храм и некропола од римско време. На околу 1 км јужно од селото има грамада од градежен камен и многубројна архитектонска пластика. На теренот се сре ...

                                               

Грамаѓе (Велмеј)

Грамаѓе - археолошко наоѓалиште во охридското село Велмеј, Општина Дебрца. Претставува некропола од железното време. Се наоѓа на 1.5 км југоисточно од селото, во југоисточното подножје на Пејков Рид, лево од меѓуселскиот пат Велмеј-Брежани за око ...

                                               

Гробишта (Милетково)

Гробишта - Манастир - археолошко наоѓалиште во гевгелиското село Милетково. Претставува сакрален објект од "римското време. На 1.5 км југоисточно од селото, во непосредната близина на некогашните селски гробиштаима грамади од градежен камен и фра ...

                                               

Двата Гроба (Долни Дисан)

Двата Гроба - археолошко наоѓалиште во околината на село Долни Дисан. Наоѓалиштето претставува вила рустика и некропола од римското време. На околу 1 км југоисточно од селото од двете страни на патот за Вешје, по површината можат да се видат обра ...

                                               

Долна Црква (Миравци)

Долна Црква - археолошко наоѓалиште во гевгелиското село Миравци. Наоѓалиштето претставува сакрален објект од римското време. На југоисточниот крај од селото, на десната страна на стариот пат Миравци-Гевгелија спорадично се среќаваат делови од ке ...

                                               

Долно Нерези (археолошко наоѓалиште)

Долно Нерези - археолошко наоѓалиште во скопската населба Долно Нерези, Општина Карпош. Претставува осамен наод од римско време. При пробивањето на канал от меѓу реките Треска и Вардар се откриени два споменика со латински натписи од кои едниот е ...

                                               

Дубиче (Волково)

Дубиче - археолошко наоѓалиште во скопското село Волково, Општина Ѓорче Петров. Претставува некропола од железното време, пронајдена на 500 м северно од селото, на левата страна од патот за селото Орман. Тука, на блага падина што се спушта кон ас ...

                                               

Црква "Св. Ѓорѓи" - Вранештица

Свети Ѓорѓи - доцносредновековна селска црква во кичевското село Вранештица, Македонија. Прогласена е за споменик на културата на Македонија. Самата црква всушност е означена како археолошко наоѓалиште од типот доцносредновековна црква и некропол ...

                                               

Црква "Св. Ѓорѓи" - Козјак

Свети Ѓорѓи - средновековна селска црква во штипското село Козјак, Македонија. Прогласена е за споменик на културата на Македонија. Самата црква всушност е означена како археолошко наоѓалиште од типот средновековна црква и некропола. Црквата се н ...

                                               

Енгелана

Енгелана - археолошко наоѓалиште во градот Охрид. Претставува утврдена населба од раната антика и старомакедонско време. Тврдината е градена од масивни, добро обработени блокови од камен. Наоѓалиштето е сместено 5 км северозападно од Охрид, над п ...

                                               

Жданец (некропола)

Жданец - археолошко наоѓалиште во скопската населба Жданец, Општина Карпош. Претставува некропола од раноантичкото време. На источната падина на Градиште во Средно Нерези, на местото каде што се простира дел од современата населба Жданец, во 1971 ...

                                               

Црква "Св. Илија" - Вранештица

Свети Илија - доцносредновековна селска црква во кичевското село Вранештица, Македонија. Самата црква всушност е означена како археолошко наоѓалиште од типот доцносредновековна црква и некропола. Мештаните за црквата кажуваат дека е "римска". Око ...

                                               

Јустинијана Прима

Јустинијана Прима е доцноантички град, седиште на истоимена архиепископија на територијата на Македонија. Името го добива по својот основач царот Јустинијан I. Градот бил изграден околу 535 година во родното место на царот – Тавурисион. Според не ...

                                               

Камени Кукли

Камени Кукли - карпести образби кај с. Куклица, Кратовско, на десната долинска страна на Крива Река, поточно на еродираниот дел од нејзината речна тераса, на надморска височина од 415-420 метри. Целата појава е распространета на површина од околу ...

                                               

Кокино (наоѓалиште)

Кокино - мегалитска опсерваторија која се наоѓа во атарот на општината Старо Нагоричане, на оддалеченост од околу 75 километри од Скопје, односно 35 километри од Куманово. Таа е поставена на врвот "Татиќев камен", а името го добила по блиското ис ...

                                               

Колник (Прдејци)

Колник - археолошко наоѓалиште во гевгелиското село Прдејци. Наоѓалиштето претставува старохристијанска базилика. На 1 км западно од селото, во непосредната близина на управната зграда и магацинскиот простор на плантажите на "Винојуг" се среќаваа ...

                                               

Црква "Св. Константин и Елена" - Струмица

Црквата "Св. Константин и Елена" е поранешна црква која се наоѓала во стариот град на Струмица. Црквата се смета дека се наоѓала кај стариот суд во стариот дел на градот во непосредна близина на денешната црква Св. Кирил и Методиј каде освен оваа ...

                                               

Корминиш (Бистренци)

Корминиш - археолошко наоѓалиште во Бистренци општина Демир Капија. Наоѓалиштето претставува некропола од доцна антика. На 5 км јужно од селото, во непосредната близина на левиот брег на "Вардар, на една флувијална тераса има фрагменти од тегули, ...

                                               

Криви Дабец (Бесвица)

Криви Дабец - археолошко наоѓалиште во Бесвица општина Демир Капија. Наоѓалиштето претставува населба од доцна антика Во нивите што се наоѓаат на 4 км јужно од селото, од левата страна на патот за селото "Барово се среќаваат фрагменти од керамичк ...

                                               

Крст (Таринци)

Крст - археолошко наоѓалиште во штипското село Таринци. Наоѓалиштето претставува могила од римско време. На излезот од селото, лево од патот за селото Радање има мала височинка со вештачки зарамнето плато на кое се поставени новите гробишта. На с ...

                                               

Лоза (Горни Балван)

Градиште или Лоза - археолошко наоѓалиште во штипското село Горни Балван. На оддалеченост од околу 1.5 километри јужно од селото, од левата страна на патот Штип-Кочани се издига висок рид што преовладува со теренот и над коритото на реката Брегал ...

                                               

Лозјата (Милетково)

Лозјата - Дуковец - археолошко наоѓалиште во гевгелиското село Милетково. Претставува водовод од "римското време. Во нивите на А. Димов и Д. Лазаров, кои лежат на 1 км југоисточно од селото, е откриен водовод граден од тубулуси. Се работи за две ...

                                               

Малечок Прлик (Моин)

Малечок Прлик - археолошко наоѓалиште во гевгелиското село Моин. Претставува утврдена населба од доцна антика. На 1 км западно од селото, во нивите на К., Ј. и М. Проданови се наоѓаат фрагменти од керамички садови, тегули, имбрекси, а видливи се ...

                                               

Манастириште (Велмеј)

Манастириште - археолошко наоѓалиште во охридското село Велмеј, Општина Дебрца. Претставува сакрален објект од средниот век. На околу 4 км воздушна линија источно од селото, околу 2 км североисточно од наоѓалиштето Писан Камен и на околу 50 м лев ...

                                               

Мечкин Дол (Моин)

Мечкин Дол - археолошко наоѓалиште во гевгелиското село Моин. Претставува водовод од доцна антика. На 1.5 км западно од селото, на десниот брег на Чучуланска Река се гледаат остатоци од мал канал граден од камен и варов малтер, со димензии од 0.3 ...

                                               

Могила (Аџибегово)

Могила - археолошко наоѓалиште во светиниколското село Аџибегово, Општина Лозово. Претставува могила – некропола од доцноантичкиот периоди средниот век. На 150 метри северно од селото, на левиот брег на Светиниколска Река се наоѓа могила со пречн ...

                                               

Црква "Св. Никола" - Крупиште

Свети Никола - средновековна селска црква во штипското село Крупиште, Македонија. Прогласена е за споменик на културата на Македонија. Самата црква всушност е означена како археолошко наоѓалиште од типот старохристијанска базилика и средновековна ...

                                               

Ограѓе (Бистренци)

Ограѓе - Св. Петка - археолошко наоѓалиште во Бистренци општина Демир Капија. Наоѓалиштето претставува црква и некропола од старохристијанско време. На околу 800 м југозападно од селото, во непосредната близина на селските гробишта и новоизграден ...

                                               

Оризарски Гробишта (Чифлик)

Оризарски Гробишта - Воденица - археолошко наоѓалиште во Чифлик општина Демир Капија. Наоѓалиштето претставува некропола од римското време. На јужната периферија од селото се откриени повеќе гробови со богати гробни прилози, како и надгробни стели.

                                               

Орлови Чуки (Стар Караорман)

Орлови Чуки - археолошко наоѓалиште во штипското село Стар Караорман. Наоѓалиштето претставува тумули од железно време. Северно, веднаш до селото, постепено се издига гребен кој претставува дел од последните падини на Плачковица. Со својата полож ...

                                               

Остатоци од материјалната култура во Македонија

Најраните траги од животот на луѓето во Македонија потекнуваат уште од далечното ново камено време. Според археолошките наоди, во овој период луѓето веќе имале постојани живеалишта и се занимавале со примитивно земјоделство и сточарство. Мошне за ...

                                               

Падарница (Мрзен Ораовец)

Падарница - археолошко наоѓалиште во кавадаречкото село Мрзен Ораовец, Општина Росоман. Претставува утврдена населба од старомакедонско и римско време. На висок рид со доминантна положба, што се наоѓа на 2 км југоисточно од селото, се забележуваа ...

                                               

Црква "Св. Петнаесет тивериополски маченици" - Струмица

Свети петнаесет тивериополски маченици - е комплекс од цркви во градот Струмица. Комплексот е вклучен во Списокот на Културно наследство на Македонија.

                                               

Пештера Јаорец (Велмеј)

Пештера Јаорец - археолошко наоѓалиште во охридското село Велмеј, Општина Дебрца. Претставува засолниште од палеолитот. Се наоѓа во пештерата Јаорец на околу 3.5 км воздушна линија источно од селото, десно од Јаоречка Река, во југозападното подно ...

                                               

Писан Камен (Велмеј)

Писан Камен - археолошко наоѓалиште во охридското село Велмеј, Општина Дебрца. Претставува некропола од железно време. Се наоѓа на околу 3.5 км југоисточно од селото, десно покрај Јаоречка Река и на околу 300 м јужно од наоѓалиштето Пештера Јаоре ...

                                               

Полатица (Штавица)

Полатица - археолошко наоѓалиште во прилепското село Штавица. Претставува осамен наоди - монети од раноантичкото време. На наоѓалиштето се најдени грчки и македонски бронзени монети. Наодите се чуваат во Заводот и музеј во Прилеп.

                                               

Пржали (Варвара)

Пржали - археолошко наоѓалиште во историското скопско село Варвара, денес во атарот на Ракотинци, Општина Сопиште. Претставува некропола од железното и римското време. Се наоѓа на околу 500 м источно од селото и околу 3 км западно од селото Батин ...

                                               

Раменска Грмада

Раменска Грмада - археолошко наоѓалиште во битолското село Рамна. Претставува депо на монети од средниот век од византиоско време. Со рилањето на земјата за овоштарник на стопанството "Овоштар" од селото Кажани во 1967 година било откриено богато ...

                                               

Роглевска тврдина

Роглевска тврдина - крепост на месноста Кука, на рид висок 250 м, 1 км северно од селото Рогле, Тетово, што од југ ја наткрилува теснината на рекичката Фуш. Низ теснината се пробива магистралниот пат Скопје - Полог - Охрид. Од ридот се контролира ...

                                               

Ружин Гроб (Асамати)

Ружин Гроб - археолошко наоѓалиште во преспанското село Асамати. Претставува тумул од железно време. Се наоѓа на 1.5 км северно од селото, во непосредната близина на езерскиот брег. Тумулот има пречник во основата од 15-20 м и зачувана височина о ...

                                               

Св. Богородица Пречиста (Злести)

Св. Богородица Пречиста - старохристијанска базилика и средновековна црква со некропола, чиишто остатоци и рушевини од ѕидините се наоѓаат во наоѓалиштето "Раштани", во непосредна близина на селото Злести, 30 километри северно од градот Охрид. Ср ...

                                               

Св. Никола (Октиси)

Св. Никола - археолошко наоѓалиште во струшкото село Октиси. Претставува старохристијанска базилика од почетокот на V век. Врз темелите на оваа старохристијанска базилика денес стои главната селска црква "Св. Никола", која се наоѓа на северната с ...

                                               

Света Недела (Блатец)

Света Недела - археолошко наоѓалиште во виничкото село Блатец. Претставува могила од римско време. Се наоѓа северно од селото, на левиот брег на реката Осојница. Висока е 10 м, а во основата има пречник од околу 60 м. На површината се гледаат гро ...

                                               

Средна Горица (Велмеј)

Средна Горица - археолошко наоѓалиште во охридското село Велмеј, Општина Дебрца. Претставува некропола од ранословенско време. Се наоѓа на 2.2 км западно од селото, на потегот меѓу Грко Поле и Велмеј, на средната од трите "горици" - тумби, што се ...

                                               

Старо Бонче (археолошко наоѓалиште)

Старо Бонче - некропола од древномакедонско и римско време, сместен јужно од селото Бонче, Прилепско. На месноста се откриени гробови во кои се најдени монети од времето на Александар Македонски и други македонски владетели, како и римски бронзен ...