Back

ⓘ Call of Duty: Modern Warfare 3. Call of Duty: Modern Warfare 2 е пукачка видеоигра од прво лице изработена од страна на Infinity Ward, Sledgehammer Games во сор ..




Call of Duty: Modern Warfare 3
                                     

ⓘ Call of Duty: Modern Warfare 3

Call of Duty: Modern Warfare 2 е пукачка видеоигра од прво лице изработена од страна на Infinity Ward, Sledgehammer Games во соработка со Raven Software и објавена од страна на Activision за Microsoft Windows, PlayStation 3 и Xbox 360. Ова е осмата игра во серијалот, третата игра во Modern Warfare трилогијата и е директно продолжение на Call of Duty: Modern Warfare 2.

Играта беше пуштена во продажба на 8 ноември 2011 година за Microsoft Windows, Xbox 360, PlayStation 3, и за Wii, со посебна верзија за Nintendo DS изработена од n-Space. Во Австралија, Wii верзијата беше пуштена во продажба на 23 ноември 2011 година. Во првите 24 часа од пуштањето во продажба, играта продаде 6.5 милиони копии само во САД и Велика Британија и заработи околу 400 милиони долари, правејќи ја најголемата продажба на сите времиња за првите 24 часа.

                                     

1. Гејмплеј

Како и нејзините претходници, Modern Warfare 3 е пукачница од прво лице. На Gamescom 2011, Activision потврди дека PC верзијата на Modern Warfare 3 ќе поддржува dedicated опслужувачи.

Кооперативен мод

Modern Warfare 3 прикажува нов мод, наречен Преживувачки мод, имаат 48 ѕвездички. Некои оружја во Spec Ops се ексклузивни за тој мод, ги нема во мултиплеерот.

                                     

1.1. Гејмплеј Кооперативен мод

Modern Warfare 3 прикажува нов мод, наречен Преживувачки мод, имаат 48 ѕвездички. Некои оружја во Spec Ops се ексклузивни за тој мод, ги нема во мултиплеерот.

                                     

1.2. Гејмплеј Мултиплеер

Целиот Килстрик систем е преработен. Килстриковите се сега познати како Поинтстрикови, и убиствата веќе не се единствениот начин за да се зголеми поинтстрикот на играчот. Извршувањето на цели, како на пример, поставување на бомба во Пронајди и Уништи анг. Search and Destroy или заземањето на знамиња во Заземи го Знамето анг. Capture the Flag го наградува со бодови Поинтстрикот на играчот. Поинтстриковите сега се организирани во три strike packages наречени Assault, Support и Specialist.

Assault работи исто како Килстрик системот од Modern Warfare 2 и Black Ops: играчот мора да освојува се повеќе и повеќе бодови без умирање. Кога играчот е убиен, неговите или нејзините бодови се ресетираат на 0. Исто така, Specialist ги наградува играчите со перкови после секое второ последователно убиство. По смртта, играчот ги губи сите перкови и бодовите се ресетирани на нула. Обратно од нив, Support наградува врз основа на сите бодови освоени во текот на мечот, без разлика колку пати е убиен играчот. Мора да се напомене дека, доколку играчот одбере друга класа со различен strike package во текот на мечот, сите бодови се ресетирани на 0.

Неколку контроверзни перкови од Modern Warfare 2 се отстранети од Modern Warfare 3. "Нуркањето", од станувачка во лежечка позиција, познато како "делфинско нуркање" е отстрането, поради проблеми во балансирањето. Modern Warfare 3 го користи системот за "топла/брза поправка" анг. hot fix на Treyarch за поправа на багови и гличови. Во Modern Warfare 3 е вклучена локална и он-лајн опција за "сплит-скрин".

Неколку нови мултиплеер модови се претставени во Modern Warfare 3:

  • "Бранител на Тимот" анг. "Team Defender" е мод каде што двата тима се обидуваат да го земат знамето од првиот играч кој ќе биде убиен откако мечот ќе почне. Тој тим којшто го има знамето, добива дупли бодови за секое убиство, додека другиот тим добива бодови по дифолт.
  • "Потврдено Убиство" анг. "Kill Confirmed" е мод каде што играчот треба да собере лебдечки дог таг анг. dog tag од трупот на убиениот непријател пред убиството да биде регистрирано. Сепак, спротивниот тим исто така може да го собере дог тагот за да го негира убиството.

Приватните мечеви сега вклучуваат нови модови: "Инфицирани" анг. "Infected" - каде што инфицираните ги убиваат непријателите за ги регрутираат во нивниот тим, "Тим Џугернот" анг. "Team Juggernaut" - каде што секој тим игра со Џугерноти со AI вештачка интелегенција, "Gun Game" - каде што играчот со секое ново убиство добива и ново оружје, "Еден во Комората" анг. "One in the Chamber" - каде што секој играч има пиштол со еден куршум и три животи, а куршум се добива со убиство на играч) и "Џугернот" анг. "Juggernaut" - каде што секој игра за себе против Џугернот и играчот треба да го убие за да стане ист таков. Исто така, на играчите им е дозволено да направат свои модови со прилагодени опции, како на пример, бројот на играчите и временскиот лимит.