Back

ⓘ Дарвинова награда - шеговита награда создадена од Венди Норткат како признание за лицата што придонесуваат за човековата еволуција со тоа што самите се исфрлаат ..




Дарвинова награда
                                     

ⓘ Дарвинова награда

Дарвинова награда - шеговита награда создадена од Венди Норткат како признание за лицата што придонесуваат за човековата еволуција со тоа што самите се исфрлаат од генетскиот фонд ставајќи се беспотребно во ситуации опасни по живот. Овие почести се претставени во едиција од книги со придружен портал www.DarwinAwards.com. Во делот "Правила" се вели:

Ненамерната самостерилизација исто така влегува во конкуренција, но, според порталот: "По сила на нештата, наградата обично се доделува посмртно". Меѓутоа лицето се исклучува од конкуренција доколку поради него животот го изгубат и "недолжни минувачи" што веројатно имаат позитивен удел во генетскиот фонд.

Во книгите се вели дека се прават усилби за исклучување на познати урбани легенди, но некои постари добитници се водат по старите правила за да си ги задржат наградите. Порталот секогаш се труди да ги провери сите раскажани случки што ги добива, но многу слични портали, како и највеќето приказни што се препраќаат по е-пошта се претежно измислени.

                                     

1. Историја

Наградите кружат по мрежите на Usenet уште од 1985 г. Во архивската граѓа на Usenet, Дарвиновата награда за првпат се споменува на 7 август 1985 во контекст на случката со наслов Vending Machine Tipover "Превртување на продажен автомат" и 7 декември 1990 како JATO Rocket Car урбаната легенда за ракетниот автомобил JATO. Легендата за автомобилот добила широка циркулација по е-пошта во периодот од 1995–97 г.

                                     

2.1. Правила Неможност за пород

  • Кандидатот мора да е мртов или да завршил стерилен.
Ова понекогаш е спорно. Некои лица може да се вон генетскиот фонд поради старост, а други може веќе да имаат деца. За да се избегнат понатамошни приговори заради можноста за ин витро оплодување, вештачко оплодување или клонирање, во првата книга се вели дека конкурентот треба да помине на "тестот на пуст остров": Лицето се смета за стерилно доколку не може да направи пород ако е заглавено на пуст остров со плодно лице од спротивниот пол. Добитниците или треба да се починати, или да не можат да ги користат половите органи.
                                     

2.2. Правила Извонредност

  • Запрепастувачки лекоумно расудување.
Глупоста на конкурентот мора да биде од досега невиден тип и да биде сензационална, веројатно бидејќи наградената случка сепак треба да е смешна. Тука не се вбројуваат низа глупави но сепак чести активности како што е пушењето во кревет. За разлика од ова, подобна ситуација е онаа како во случајот со човекот што се запалил пушејќи цигара откако во болница го намачкале со маст која била запалива и изречно му рекле да не пуши. Во оваа категорија влегува и едно "почесна" случка човекот што се обидел да се самоубие земајќи нитроглицерински таблети, а потоа пробал да ги детонира трескајќи се во ѕид со затрчување, која е заведена иако е намерна и самонанесена што инаку е основа за дисквалификација.
                                     

2.3. Правила Самонанесување

  • Лицето мора самото да е одговорно за несреќата.
Ако некој убие другар со граната, чинот не му дава право на конкуренција за наградата. Случката ќе биде конкурентна доколку лицето самото се убие при изработка на направа за чистење на оџаци од граната. За да се додели Дарвинова награда, жртвата мора да биде конкурентот, а не некое друго лице.
                                     

2.4. Правила Зрелост

  • Способност за здраво размислување.
Лицето мора да биде барем на возраст за да има возачка дозвола и да не биде умствено заостанато. Покрај ова, во некои случаи лицето може да биде и нешто помладо, но тогаш неговите врсници мора да сметаат дека постапката на лицето била вонразумска.
                                     

2.5. Правила Веродостојност

  • Случката мора да се потврди.
Случката мора да биде документирана од меродавни извори: доверливи статии во весници, потврдени ТВ репортажи или разумни очевидци. Оние за кои ќе се утврди дека се вистинити се исфрлаат од конкуренција, но особено смешните измислени случки се ставаат во одделот за урбани легенди. Многу вакви измислени случки се заведени на порталот во одделот "Лични прераскажувања" Personal Accounts.

Како неформализирани правила важат и следниве услови: лицето не смее да загрози недолжни минувачи, а случката мора да е предизвикана без свесна намера за да се спречат оние што се спремни да си нанесат повреди само за да се прослават.

                                     

3. Примери

Еве некои примери за добитници на Дарвиновата награда:

  • Оставање на запалена цигара во склад полн со експлозиви Филипини, 1999
  • Адвокатот што прелетал преку прозорското стакло и паднал долу мртов сакајќи да докаже дека стаклото не може да се скрши
  • Снимателот што скокнал од авион со намера да снима падобранци, заборавајќи дека самиот нема падобран САД, 1987
  • Обид за играње на руски рулет со неексплодирана нагазна мина
  • Проверување дали резервоарот е празен со запалка Бразил, 2003
  • Ѕиркање со запалка во цевка на наполнета пушка со предно полнење САД, 1996
  • Три палестински терористи не сакајќи се дигнале во воздух бидејќи бомбите што сакале да ги постават во Израел биле наместени на палестинско летно време еден час понапред Израел, 1999
  • Жонглирање со активни гранати Хрватска, 2001
  • Обид за играње на руски рулет со полуавтоматски пиштол, незнаејќи дека следниот куршум се полни самиот САД, 2000

Порталот наведува и "почесни" случаи, каде лицата ги преживеале незгодите без притоа да ја изгубат можноста за пород. Ваков пример е Лери Волтерс, кој приврзал хелиумски метеоролошки балон за балконска лежалка и одлетал далеку над градот Лонг Бич во јули 1982. Летајќи достигнал височина од 4.900 м, поради што подоцна морал да плати казна за навлегување во контролиран воздушен простор. Друг почесен случај се двајцата што во 2001 се обиделе да му ја обијат куќата на фудбалерот-насилник Данкан Фергусон кој бил четири пати осудуван за извршен напад и одлежал шестмесечна затворска казна. Кога ги забележал фудбалерот, едниот од крадците завршил на тридневна хоспитализација.



                                     

3.1. Примери Посебни победници

Секоја година се избира по еден добитник што се прогласува за "најславен" од сите. Во 2007, оваа чест ја имал човекот што починал од алкохолно труење откако побарал анално да му вбризгаат две 1.5-литарски шишиња шери.

                                     

4. Библиографија

  • Wendy Northcutt, The Darwin Awards II: Unnatural Selection Dutton Adult, 29 октомври 2001. ISBN 0-525-94623-3
  • Wendy Northcutt, The Darwin Awards: Evolution in Action, Dutton Adult, 19 октомври 2000. ISBN 0-525-94572-5
  • Wendy Northcutt, The Darwin Awards III: Survival of the Fittest, Dutton Adult, 9 октомври 2003. ISBN 0-525-94773-6
  • Wendy Northcutt, The Darwin Awards: Next Evolution, Dutton Adult, 30 октомври 2008. ISBN 0-525-95085-0
  • Wendy Northcutt, The Darwin Awards IV: Intelligent Design, Dutton Adult, 24 октомври 2006. ISBN 0-525-94960-7
  • Wendy Northcutt, The Darwin Awards: Countdown to Extinction, Dutton Adult, октомври 2010. ISBN 978-0-525-95191-9