Back

ⓘ Киднапиран е историско-авантуристички роман напишан од шкотскиот писател Роберт Луис Стивенсон. Романот бил напишан како детски роман и за првпат бил издаден во ..




Киднапиран
                                     

ⓘ Киднапиран

Киднапиран е историско-авантуристички роман напишан од шкотскиот писател Роберт Луис Стивенсон. Романот бил напишан како "детски роман" и за првпат бил издаден во списанието "Young Folks" од мај до јули 1886 година. Брзо по издавањето на романот, истиот привлекол внимание и почит од различни писатели како што се Хенри Џејмс, Хорхе Луис Борхес и Шејмус Хини. Во 1893 година бил издаден романот Катриона, продолжение на романот. Романот е преведен на многу светски јазици, меѓу кои и на македонски.

Приказната на романот се одвива во 19 век во Шкотска и познати шкотски настани, како што е Апинското убиство, кое се одвило во близина на Балахулиш во 1752 година како последица на Јакобитското востание. Поголем број од ликовите се вистински личности, меѓу кои и еден од главните ликови - Ален Брек Стјуарт. Политичката ситуација во тогашно време е претставена од различни погледи, а Шкотските Горјани се третираат со симпатија.

Според раните книживни критики на Киднапиран од 1886 година, се мислело дека романот бил создаден според вистинската приказна на Џејмс Анесли, за кој се претпоставувало дека бил наследник на пет аристократски титули и кој бил киднапиран на 12 годишна возраст од неговиот чичко Ричард Анесли. Според теоријата, Џејмс бил испратен за Америка преку Даблин на брод во 1728 година. Тој успеал да избега по 13 години и да се врати во родното место за да си го поврати наследството кое било заземено од неговиот чичко. Биографот на Анесли изјавил дека Стивенсон не бил запознаен со сагата на Џејмс Анесли, кој до 1886 година веќе инспирирал четири други романи од 19 век.

                                     

1. Ликови

Дејвид Балфур е обвинет дека е учесник во Апинското убиство, вистински историски настан. Ликовите Ален Брек Стјуарт, Колин Рој Кемпбел, Џејмс Стјуарт од Глен, Клани Мекферсон и Робин Ојг Макгрегор биле вистински луѓе.

                                     

1.1. Ликови Шоу

  • Ебинзер Балфур - чичко на Дејвид Балфур. Ебинзер го наседнал Дејвид да ја напушти куќата која му следува и него. Прично тој се обидува да го убие Дејвид, но по неуспехот тој го праќа на број со намера да го продаде како роб.
  • Александер Балфур: татко на Дејвид, чие наследство биле одземено од страна на неговиот брат Ебинзер.
  • Г. Кемпбел - добро свештено лице од Есендин кој му помага на Дејвид на почетокот на приказната.
  • Џенет Клустон - жена која е избркана од нејзиниот дом од страна на Ебинзер Балфур.
  • Дејвид Балфур - чесен 17 годишник кој тргнал на пат по смртта на неговиот татко. Неговата мајка умрела многу поодамна. Дејвид не е свесен дека е наследник на еден имот, Куќата на Шоу.
                                     

1.2. Ликови На морето и на Хебридите

  • Стар маж и неговата жена - стари, но добри, лица кои живеат на островот Мул. Тие му дале храна и пијалак на Дејвид, како и важни информации важни за неговата авантура.
  • Рансом - злоупотребено дете кое работи на бродот.
  • Водич - жител на островот Мул кој за пет шилинга го води Дејвид до Торосеј.
  • Нејл Рој Макроб - пријател на Ален кој го носи Дејвид од Торосеј до копното на Шкотска.
  • Гостилничар
  • Г. Шуан - прв човек под капетанот Хосисон.
  • Елајас Хосисон - капетан на бродот. Тој го купил Дејвид од Ебинзер со намера да го препродаде како роб во Америка.
  • Данкан Мекај - слеп човек кој му помага на Дејвид да помине делови од островот.
  • Г. Рајах - втор човек под капетанот.
  • Хектор Меклин - жител на островот Мул.
                                     

1.3. Ликови Шкотски Гори

  • Клани Мекферсон - друг Шкотски Горјанин чија земја била одземена од Англичаните. Тој е јакобитски бунтовник, како и останатите Шкотски Горјани во романот.
  • Г-ѓа Стјуарт - жена на Џејмс Стјуарт.
  • Робин Ојг - син на Роб Рој Мекгрегор.
  • Алан Брек Стјуарт - Шкотски Горјанин кој бил во егзил во Франција. Тој станува пријател со Дејвид и му помага да помегнат од англиските власти.
  • Џејмс Стјуарт од Глен - шеф на Шкотските Горјани. Тој е на чело на Кланот Стјуарт.
  • Хендерленд - евангелист кој станува пријател со Дејвид.
  • Колин Рој Кемпбел, познат и како "Црвена лисица", шкотски лојален чиновник на англиската круна и главен противник на Дејвид и Ален Стјуарт.
                                     

2. Книжевна критика

"Киднапиран" бил добро прифатен од страна на пошироката публика за време на периодот кога Стивенсон бил жив, но по неговата смрт голем број луѓе гледале со скептицизам и ја сметале книгата за "детска". Сепак, до средината на XX век, книгата повторно се стекнала со одобрување и проучување. Книгата не дава точни историски податоци, но ја прераскажува јакобитската верзија на Апинското убиство. Продолжението "Катриона" било напишано во 1893 година, за време на периодот кога Стивенсон живеел на Самоа. Темата на романот е во добар дел романтичен, и помалку авантуристички, и не ја достигнал популарноста на "Киднапиран".

                                     

3. Адаптации

Романот доживеал неколку адаптации. На страницата за Роберт Луис Стивенсон има целосен список на дела излезени од "Киднапиран".

Некои од филмските адаптации на романот се: Киднапиран филм од 1938, Киднапиран филм од 1960, Киднапиран филм од 1971, Киднапиран филм од 1986, Киднапиран филм од 1995 и Киднапиран телевизиска серија.

Стрип брз база на "Киднапиран" бил издаден во 2007 и 2008 од Marvel Illustrated во подготовка на Рој Томас и Марио Гали. Тие претходно го адаптирале романот "Островот на богатството".

                                     

4. Надворешни врски

  • "Киднапиран" од Роберт Стивенсон на sakamknigi.mk
  • MacLachlan, Chistopher 2006. "Дополнителни мисли за "Киднапиран" на Роберт Л. Стивенсон.
  • "Киднапиран" - водич, тема, цитати и сл.
  • Филмски адаптации за "Киднапиран".
  • The Stevenson Way долга прошетка низ дивините од Мул до Единбург, заснована на рутата во "Киднапиран".
  • Киднапиран на Проектот "Гутенберг"