Back

ⓘ Авантурите на Артур Гордон Пим. Во делото се раскажува приказната за младиот авантурист Артур Пим, кој своеволно се качува на бродот Грампус и отпловува со непо ..




Авантурите на Артур Гордон Пим
                                     

ⓘ Авантурите на Артур Гордон Пим

Во делото се раскажува приказната за младиот авантурист Артур Пим, кој своеволно се качува на бродот Грампус и отпловува со непознат екипаж. Ненадејно, се случува бунт во екипажот, па затоа Пим бил принуден првите четири дена да ги помине засолнувајќи се во подрумските делови на бродот. Неговиот пријател Август е единствениот негов познаник од екипажот, додека таткото на Август бил соборениот капетан. Под неверојатен сплет на околности, на крајот само Гордон Пим и еден од морнарите, Дирк Питерс, останале живи. Кога се чинело дека и тие ќе умреле од глад, случајно поминала една истражувачка експедиција, која се покажала спасоносна за нив. Артур Пим и Питерс се приклучиле на експедицијата која се обидувала да стигне до најодалечената точка на Јужниот Пол. Фабулата нејасно завршува додека целата екипа трагала по зацртаната цел.

                                     

1. Интерпретација на делото

Ова е едно од потешките литаретурни дела за класификација. Водејќи се според почетокот, би можело да се претпостави дека станува збор за авантуристички роман. Едгар Алан По бил импресиониран од животот минат пловејќи по морските широчини, па така се решил да пишува книга заснована на таа тема. Некои аналитичари на делото на По забележуваат дека романот содржи автобиографски елементи, па дури и некои карактеристики својствени за симболизмот. Ова остварување на По било инспирација за Херман Мелвил и Жил Верн да ги создадат нивните препознатливи авантуристички новели.

                                     

2. Надворешни врски

  • "Tekeli-li" or "Hollow Earth Lives: A Bibliography of Antarctic Fiction" напишана од Фауно Ланкастер Кордес
  • "The Strange Dis/Appearance of Arthur G. Pym" од универзитетот во Вирџинија