Back

ⓘ Call of Duty: Black Ops 2 е пукачка игра од прво лице изработена од Treyarch и издадена од страна на Activision. Пуштена е во продажба на 13 ноември 2012 за Pla ..




Call of Duty: Black Ops 2
                                     

ⓘ Call of Duty: Black Ops 2

Call of Duty: Black Ops 2 е пукачка игра од прво лице изработена од Treyarch и издадена од страна на Activision. Пуштена е во продажба на 13 ноември 2012 за PlayStation 3, Xbox 360, and Microsoft Windows и на 18 ноември 2012 во Северна Америка, 20 ноември 2012 во Европа и Австралија за Wii U. Square-Enix ја пушти во продажба на јапонскиот пазар на 22 ноември 2012 како титлувана верзија. Јапонската верзија е пуштена во продажба на 22 декември 2012.

Black Ops 2 е деветтата игра во серијалот на видео игри Call of Duty и е продолжение на Call of Duty: Black Ops. Играта е пуштена во продажба во 16.000 маркети во цел свет на полноќ на 13 ноември 2012.

Black Ops 2 е првата игра во серијалот Call of Duty која содржи воена технологија од иднината и првата која содржи приказна во која настаните се случуваат по избор на играчот. Исто така, содржи и 3D дисплеј опција. По 24 часа од пуштањето во продажба, играта собрала повеќе од 500 милиони долари, победувајќи ја Modern Warfare 3 и правејќи ја најголемата продажба на сите времиња за првите 24 часа. Во ноември се продадени околу 7.5 милиони копии од играта.

Таа е првата игра во серијалот да содржи значајни знаци на нелинеарен гејмплеј, најзначајно повеќе краеви.