Back

ⓘ Metacritic е мрежно место која дава средна оцена за музички плочи, видео игри, филмови и книги. Оваа страница работи на уникатен принцип. Имено, најпрво собира ..




                                     

ⓘ Metacritic

Metacritic е мрежно место која дава средна оцена за музички плочи, видео игри, филмови и книги. Оваа страница работи на уникатен принцип. Имено, најпрво собира рецензии од повеќе угледни изданија, а потоа врз основа на нив одредува средна оцена. Потребни се најмалку четири рецензии за да може да се изработи средна оцена.

Оваа страница била основана од Џејсон Диез, Марк Дојл и Џули Дојл-Робертс во 2001 година. Нејзиниот начин на рангирање честопати е споредуван со оној на Rotten Tomatoes, со таа разлика што вторите изработуваат просек само за филмови. Интересно е тоа што во процесот на обработка на податоците, Metacritic ги претвораат оцените во процентни бодови на пример "A" носи 100 бода; "B-" е 67 бода итн. Податоците од Metacritic ги користат неколку поважни публикации, меѓу кои и Википедија.