Back

ⓘ Библиотека Страшо Пинџур - Неготино - библиотека во градот Неготино. Основана е во 1945 година и денес располага со библиотечен фонд од 70.000 изданија и депони ..




Библиотека Страшо Пинџур - Неготино
                                     

ⓘ Библиотека "Страшо Пинџур" - Неготино

Библиотека "Страшо Пинџур" - Неготино - библиотека во градот Неготино. Основана е во 1945 година и денес располага со библиотечен фонд од 70.000 изданија и депониран фонд од 2.000 изданија. Библиотечниот фонд содржи стручна литература, лектири, белетристика, документарна и енциклопедиска литература. Покрај основната дејност, библиотеката спроведува проекти и организира настани, како што се промоции на книги, изложби, литературни натпревари, културни настани и активности за поттик и развој на креативноста, уметноста, филантропијата и екологијата. Активностите на библиотеката се извршуваат преку стручна и административно-помошна служба.

Библиотеката е именувана во чест на македонскиот народен херој и учесник во НОБ Страшо Пинџур.

                                     

1. Историја

Библиотеката е основана во 1945 година и сè до 1953 година дејствувала како самостојна градска библиотека. Во 1953 година, дејноста на библиотеката влегла во склоп на Работничкиот универзитет, а во 1969 година установата се стекнала со статус на самостојна организација за вршење на библиотечна дејност.