Back

ⓘ Големите исчекувања - тринаесетти роман на Чарлс Дикенс. Централна тема на романот е личниот развој на сиракот именуван Пип. Ова е втор роман на Дикенс, после Д ..




Големите исчекувања
                                     

ⓘ Големите исчекувања

Големите исчекувања - тринаесетти роман на Чарлс Дикенс. Централна тема на романот е личниот развој на сиракот именуван Пип. Ова е втор роман на Дикенс, после Дејвид Коперфилд, кој целосно е напишан во прво лице. Првично, романот бил издаден во вид на серијал во неделникот "Низ текот на целата година" од 1 декември 1860 до август 1861. Во октомври 1861 година Чапман и Хал го издал романот во три тома.

Приказната се одвива во Кент и Лондон во раните години на 19 век и во него се опишани некои од најзначајните сцени на Дикенс. "Големите исчекувања" е преполн со екстремни сцени - сиромаштија, затвори на бродови, ланци и борви до смрт - и има разновиден сет на ликови кои станале дел од популарната култура низ светот, а особено англо-говорниот свет. Делата на Дикенс се испреплетени од љубов и одбивања, богатство и сиромаштија, борбата меѓу лошото и доброто и слично. Овој роман е популарен меѓу читателите и критичарите, а истиот е преведен на скоро сите светски јазици.

                                     

1. Ликови

Пип и неговото семејство
  • Филип Пирип - Пип
  • Џорџијана Марија, г-ца Џои, сестра на Пип
  • Г. Пумблчук, чичко на Џои Гаргери
  • Џои Гаргери, зет на Пип
Госпоѓа Хевишем и семејството
  • Естела, посвоена ќерка на г-ѓа Хевишем,
  • Џорџијана, роднина на г-ѓа Хевишем,
  • Г-ѓа Хевишем, богата стара мома која го зема Пип со неа и нејзината посвоена ќерка Естела.
  • Херберт Покет, син на Метју
  • Метју Покет, братучед на г-ѓа Хевишем,
  • Сара Покет, сестра на Метју
  • Братучед Рејмонд, роднина на г-ѓа Хевишем,
Детството на Пип
  • Господин и госпоѓа Хабл, соседи на Пип
  • Осуденикот, осуденик кој бега од затвор,
  • Биди, втора братучедка на Вопсл,
Господин Џегерс и неговите блиски
  • Моли, слуга на Џегерс
  • Џон Вемик, службеник кај Џегерс
  • Господин Џегерс, познат лондонски правник
Антагонисти
  • Бентли Драмл, неинтелегентен млад маж од богата фамилија
  • Компејсон, осуденик и бегалец
  • Артур Хевишем, млад полубрат на г-ца Хевишем
  • Долџ Орлик, работник кај Џои Гаргери
                                     

2. Надворешни врски

Е-книги
  • Големите исчекувања на Семрежен архив
  • Great Expectations на Проектот "Гутенберг"
  • Големите исчекувања ePub, Mobi, PDF
  • Големите исчекувања – PDF скенови
  • Големите исчекувања – HTML верзија
Друго
  • Оригинален ракопис
  • Статија на Дејвид Паркер за Дикенсоновиот Лондон
  • Карта на Дикенсоновиот Лондон