Back

ⓘ COBISS е организациски систем кој се користи да ги опслужи библиотеките во единствен библиотечко-информациски систем со каталогизација за позајмување. Во момент ..




Cobiss
                                     

ⓘ Cobiss

COBISS е организациски систем кој се користи да ги опслужи библиотеките во единствен библиотечко-информациски систем со каталогизација за позајмување.

Во моментот е во употреба во Словенија COBISS.SI, Босна и Херцеговина COBISS.BH и COBISS.RS, Македонија COBISS.MK, Србија COBISS.SR, Албанија COBISS.AL, Бугарија COBISS.BG, Косово COBISS.KS и Црна Гора COBISS.CG.

Овие информациски системи се автономни, но ја делат платформата.

COBISS користат преку 1390 библиотеки за автоматизација на своето работење.

COBISS.Net е мрежата која ги поврзува COBISS кооперативните библиографски системи на различни земји.