Back

ⓘ Фудбалска топка. Мора да биде изработена од кожа или некој друг материјал кој е одобрен исклучиво од ФИФА. Притисокот во топката мора да биде помеѓу 0.6 и 1.1 а ..




Фудбалска топка
                                     

ⓘ Фудбалска топка

  • Мора да биде изработена од кожа или некој друг материјал кој е одобрен исклучиво од ФИФА.
  • Притисокот во топката мора да биде помеѓу 0.6 и 1.1 атмосфера.
  • Не смее да биде полесна од 410 и потешка од 450 грами на почеток од натпреварувањето.
  • Обимот е помеѓу минимално 68 и максимално 70 цм.
  • Топка мора да биде во тркалезна форма.

Да би можело да се одигра натпреварувањето, неопходно е клубовите кои се домаќини да обезбедат одреден број на топки. Пропишани се и произведувачите, односно натписи на топките со кои можат да се играат меѓународните и првенствените натпреварувања ознаките се доказ дека топката е помината преку процедурата на проверка и дека одговара на пропишаните стандарди за натпреварување. Пред почеток на секој натпревар, клубот кој е домаќин има обврска сите топки кои се наменети за игра да ги предаде на судијата на проверка. Топките за игра на терените кои се прекриени со снег мораат да бидат во посебни бои непишано правило - црвена боја.

                                     

1. Замена на оштетената топка во текот на натпреварот

Доколку топката се оштети во текот на натпреварувањето, судијата има обаврска да:

  • Ако топката се оштети пред да се стави во игра, таа едноставно се заменува со резервна топка која одговара на прописите.
  • Да ја спушти резервнататопка на местото каде што е запазена неисправноста на топката и така да ја настави играта,
  • Да ја стопира играта,
                                     

2. ФИФА прописи

Уверувањето во квалитетот на топката

За потребите на натпреварот, само со топка која ја задоволуваат барем минимум свите веќе опишани карактеристики е дозволено да се игра. Топката со која се игра на натпреварувањата под ФИФА, УЕФА или конфедерација, мора на себе да има барем една од овие три ознаки.

Рекламирање на топки

Спрема прописите на ФИФА на топките се дозволени само три врсти на огласување:

  • лого на натпреварувањето
  • лого на произведувачот на топката
  • лого на организаторите на натпреварувањето

Сите овие правила, спрема ФИФА, служат за подобрување на стандардите и квалитетот на главниот објект на теренот.