Back

ⓘ Бранислав Ѓурѓев - историчар и османист, редовен член на Војводинската академија на науките и уметностите и член на МАНУ надвор од работниот состав. Како студен ..




                                     

ⓘ Бранислав Ѓурѓев

Бранислав Ѓурѓев - историчар и османист, редовен член на Војводинската академија на науките и уметностите и член на МАНУ надвор од работниот состав. Како студент по историја и ориентална филологија на Филозофскиот факултет во Белград, бил член на КПЈ и секретар на Универзитетската организација на СКОЈ. По дипломирањето посетувал постдипломски студии во Цариград. По враќањето се вработил како кустос приправник во Земдител на Турскиот архив. Докторирал на Филозофскиот факултет во Белград на тема "Каква је била власт у Црној Гори ”. Во времето на Втората светска војна бил во заробеништво во Германија. По Ослободувањето бил професор на Филозофскиот факултет во Сараево по историја на народите на СФРЈ во османлискиот период и вовед во историската наука. Бил иницијатор за основањето и прв директор на Ориенталниот институт во Сараево ги покренал сп. "Прилози за оријенталну филологију ” и збирката "Monumenta Turcica historiam Slavorum Meridionalium ilustrantia ”. Бил претседател на Академијата на науките и уметностите на БиХ, а подоцна се преселил во Нови Сад, каде што бил редовен член на Војводинската академија на науките и уметностите).