Back

ⓘ Список на македонисти. Следниот список е список на истакнати македонисти и се подредени по азбучен ред. Македонистиката е наука која ги проучува развојот, право ..




Список на македонисти
                                     

ⓘ Список на македонисти

Следниот список е список на истакнати македонисти и се подредени по азбучен ред. Македонистиката е наука која ги проучува развојот, правописот и другите карактеристики на македонскиот јазик. Оваа листа не е целосна и во секој момент може да се проширува. Исто така, важно е да се напомене дека одреден број јазичари и слависти и луѓе кои се занимавале со македонскиот јазик работеле и твореле пред да се стандардизира македонистиката. Иако истите твореле пред таа стандардизација, тие се сметаат за македонисти, како што се на пример Крсте Мисирков, Ѓорѓија Пулевски, Петар Драганов, Наум Евро и други.

Парадоксално ли е ако една млада наука има свои долги и стари традиции? Во случајот со македонистиката сигурно не! Затоа што веќе долго време пред самата македонистика постоеше така што се каже,компаративната македонистика”. Неа ја сфаќам како вкупност на одделните придонеси на низа земји, бидејќи секоја од нив имаше свој,начин” како да ја гледа Македонија и како да се занимава со неа.

                                     

1. Историја

Интересот на славистите за Македонија, за македонските дијалекти, литература и народно творештво датира уште од времето на основачот на славистиката Јозеф Добровски 1753-1829. Почетоците на организирано учење на македонскиот јазик на ниво на академска настава се врзуваат со првото предавања по македонски јазик одржано на Карловиот универзитет во Прага во 1946, а го одржал професорот Антонин Фринта. Оттогаш наваму македонскиот јазик и македонската книжевност претставуваат предмет на научен интерес за повеќе специјалисти - слависти и балканисти, за што сведочат бројните трудови напишани од странските македонисти, а македонскиот јазик стана наставен предмет застапен на околу 30 универзитети во светот.

                                     

2. Надворешни врски

  • Научен собир на млади македонисти во Охрид.
  • Македонски лектори во странство и дел од центрите каде се изучува македонскиот јазик
  • Подем на македонистиката во светот.
  • Собир на македонисти во Јута, САД.