Back

ⓘ Бели мугри е збирка поезија од Кочо Рацин, објавена во 1939 година во Самобор, во близината на Загреб. Таа е трета стихозбирка објавена на македонски јазик по с ..




Бели мугри
                                     

ⓘ Бели мугри

Бели мугри е збирка поезија од Кочо Рацин, објавена во 1939 година во Самобор, во близината на Загреб. Таа е трета стихозбирка објавена на македонски јазик по стихозбирките на Венко Марковски, "Народни бигори" и "Огинот", објавени во 1938 година. Стихозбирката е испечатена на 25 ноември во печатницата на Драгутин Шпулер во 4.000 примероци. Според вообичаената комунистичка практика, насловот е испечатен со црвени букви, а поради опасноста да се дознае идентитетот на авторот, Коста Солев ја објавил под псевдонимот "К. Рацин". Стихозбирката била дистрибуирана низ целата тогашна Југославија и во Пиринска Македонија и постигнала голем успех.

                                     

1. Осврт кон делото

Стихозбирката "Бели мугри" е составена од 12 песни, во 5 циклуси напишани на велешки дијалект со примеси од западно-македонските говори, во кои доминираат социјалните и револуционерните теми. Насловот на стихозбирката е симболичен - пејзаж кој е посакуван од работниците, аргатите и сите експлоатирани луѓе. Тоа е ново утро, нов почеток, нов живот во кој сите ќе бидат еднакви. "Бели мугри" била создадена под влијание на народната поезија, како и на "Зборникот" од браќата Миладиновци. Највпечатливи мотиви во Рациновите песни се: аргатската мака "Денови" и "Селска мака", социјално-класната неправда "Тутуноберачите", револуционерен повик "Копачите", патриотски мотиви "Елегии за тебе", "Уторото над нас" и "Татунчо", жал за пропаднатите занаети "На Струга дуќан да имам" и печалбарската тага "Проштавање".

Збирката претставува извонредно крупен настан во културната и политичката историја на македонскиот народ и пошироко. Тоа е врвен дострел на Рациновото творештво. Дело неделиво од неговиот живот и неговото класно и национално определување. Дело со кое ги потврдува можностите за изразување и на најсуптилните чувства на јазикот кој бил забрануван и одрекуван. Творечки се потпира врз достоинството што ги носи македонското народно епско и лирско творештво збогатени со сопствен творечки однос. Се создава поезија изворна и своевидна, автентична и длабоко доживеана со јазик на убавината. Со полна поетска сугестивност и емотивност ги изразува црнилата на животот на македонскиот човек и вечните стремежи на човекот за подобар, поправичен свет, песни што ќе ги отворат прозорците за благороден културен натпревар со другите народи во светот. Со "Бели мугри" се отворил пат на современата македонска книжевност и така Кочо Рацин станал еден од основоположниците на современата македонска книжевност.

                                     

2. Содржина

Стихозбирката содржи 12 песни:

  • Татунчо
  • Печал
  • Тутуноберачите
  • Ленка
  • Денови
  • На Струга дуќан да имам
  • Утрото над нас
  • Проштавање
  • Елегии за тебе
  • Балада за непознатиот
  • Селска мака
  • Копачите
                                     

3. Изданија

По Втората светска војна, збирката "Бели мугри" доживеала повеќе изданија:

  • Во 1963 година, по повод 20-годишнината од смртта на Рацин, издавачката куќа "Кочо Рацин" го објавила фототипското издание на "Бели мугри". Книгата е испечатена во мај 1963 година, во Графичкиот завод "Гоце Делчев" во Скопје, во тираж од 8 000 примероци. Автор на корицата е Коста Бојаџиевски. Книгата не е каталогизирана и ја нема меѓународната ознака ISBN.
                                     

4. Награда "Бели мугри"

Во чест на збирката, почнувајчи од 2009 година, Домот на културата "Кочо Рацин" од Скопје ја доделува наградата "Бели мугри" за најдобар необјавен поетски ракопис на автор до 35-годишна возраст. Меѓу добитниците на ова анаграда се некои од позначајните поети од помладите генерации на современата македонска поезија.

                                     

5. Користена литература

  • Билјана Богданоска, "За матуранти"
  • Стојка Бојковска, Лилјана Минова - Ѓуркова, Димитар Пандев, Живко Цветковски, Гане Тодоровски, Наташа Аврамовска, Македонски јазик и литература за III година за реформирано гимназиско образование;
  • Валентина Муцунска - Палевска, Наташа Ацевска, Македонски јазик и литература за III година
  • Кочо Рацин, Бели мугри
                                     

6. Надворешни врски

  • "Бели мугри" - целосен текст
  • "Ленка" во изведба на Зафир Хаџиманов mp3
  • Првото издание на "Бели мугри" на страницата на Народната и Универзитетска библиотека во Скопје
  • Збирката "Бели мугри" на Викиизвор