Back

ⓘ Call of Duty 2 е историска пукачка видеоигра од прво лице и втората игра од серијалот Call of Duty. Изработена е од страна на Infinity Ward, а издадена е од Act ..




                                     

ⓘ Call of Duty 2

Call of Duty 2 е историска пукачка видеоигра од прво лице и втората игра од серијалот Call of Duty. Изработена е од страна на Infinity Ward, а издадена е од Activision. Во продажба е пуштена на 25 октомври 2005 за Microsoft Windows и на 15 ноември 2005 за Xbox 360 во Европа и Северна Америка. Направени се и други верзии за мобилни телефони, џебни компјутери и паметни телефони.

Приказната е за време на Втората светска војна и е проследена низ очите на четири војници, еден во Црвената армија, еден во американската армија и двајца во британската армија.

Играта беше добро прифатена од јавноста, со претежно позитивни оценки од критичарите. Верзијата за Xbox 360 има продадено преку 250.000 копии за време на првата недела, а до октомври 2006 има продадено 1.4 милиони.