Back

ⓘ id Tech 3 е погон за видеоигри изработен од id Software за Quake III Arena, искористен за многу игри под ознаките Quake III Arena engine и Quake III: Team Arena ..




Id Tech 3
                                     

ⓘ Id Tech 3

id Tech 3 е погон за видеоигри изработен од id Software за Quake III Arena, искористен за многу игри под ознаките Quake III Arena engine и Quake III: Team Arena engine. Во неговото време се натпреварувал со погонот Unreal. И двата погони многу се користени.

id Tech 3 е голем напредок од погонот Quake и id Tech 2. Иако id Tech 3 е произлезен од id Tech 2, големи делови од кодот се нови или повторно напишани. Заменет е од страна на id Tech 4, кој е произлезен од id Tech 3, но содржи многу малку од првичниот код.

На QuakeCon 2005, Џон Кармак најави дека изворниот код на Quake III ќе биде објавен под ГНУ-овата општа јавна лиценца верзија 2. Објавен беше на 19 август, 2005 година. Кодот е достапен за симнување од интернет на фтп-страната на id.

                                     

1.1. Користење на погонот Проекти засновани на слободниот изворен код

  • Space Trader - Акција/Стратегија од HermitWorks Entertainment
  • Urban Terror – Мод за Quake 3 што сега е самостојна игра. Изворниот код сè уште не е јавно објавен.
  • ioquake3 – Проект за отстранување на багови и на стариот код за користење на глувче, за расчистување на изворниот код и за додавање поусовршени графички и звучни можности преку SDL и OpenAL, кој треба да служи како чист основен пакет за други проекти. Овој погон го поддржува форматот Ogg Vorbis и снимање на демо-снимки во форматот.avi. Меѓу игрите кои го користат овој погон се World of Padman, OpenArena и Tremulous.
  • Smokin Guns - полу-реалистична симулација на атмосферата во "Дивиот Запад". Почнала како модификација за Quake 3, но прераснала во самостојна игра. Почнала да го користи погонот ioquake3 2009 година.
                                     

1.2. Користење на погонот Производи што користат неслободна лиценца

  • Call of Duty 2003 – Infinity Ward
  • Call of Duty: United Offensive 2004 – Gray Matter Interactive
  • American McGees Alice 2000 – Rogue Entertainment
  • Call of Duty Classic 2009 – Infinity Ward
  • Heavy Metal: F.A.K.K.² 2000 – Ritual Entertainment
  • James Bond 007: Everything or Nothing 2004 – EA Redwood Shores
  • James Bond 007: Agent Under Fire 2001 – EA Redwood Shores ова требало да биде верзија за PS2 и Windows на играта за PlayStation и N64 The World is Not Enough, но подоцна ја откажале
  • Medal of Honor: Allied Assault 2002 – 2015, Inc.
  • Medal of Honor: Allied Assault - Spearhead 2003 – EA Los Angeles
  • Medal of Honor: Allied Assault - Breakthrough 2003 – TKO Software
  • Quake III: Team Arena 2000 – id Software
  • Quake III Arena 1999 – id Software
  • Star Trek: Elite Force II 2003 – Ritual Entertainment
  • Soldier of Fortune II: Double Helix 2002 – Raven Software
  • Severity 2007 – Cyberathlete Professional League
  • Wolfenstein: Enemy Territory 2003 – Splash Damage
  • Star Trek: Voyager Elite Force 2000 – Raven Software
  • Return to Castle Wolfenstein 2001 – Gray Matter Interactive SP / Nerve Software MP
  • Star Wars Jedi Knight: Jedi Academy 2003 – Raven Software
  • Star Wars Jedi Knight II: Jedi Outcast 2002 – Raven Software
  • Quake Live 2009 Beta – id Software
  • Iron Grip: Warlord 2008 – Isotx
  • Dark Salvation 2009 - Mangled Eye Studios