Back

ⓘ id Tech 1, претходно познат како погонот Doom, е погон за видеоигри што ги придвижува видеоигрите Doom и Doom II од id Software. Исто така се користи и за HeXen ..




Id Tech 1
                                     

ⓘ Id Tech 1

id Tech 1, претходно познат како погонот Doom, е погон за видеоигри што ги придвижува видеоигрите Doom и Doom II од id Software. Исто така се користи и за HeXen, Heretic, Strife и HacX, како и за други игри преку лиценци. Напишан е од Џон Кармак, со помошни функции од Мајк Абраш, Џон Ромеро, Дејв Тејлор и Пол Радек. Првично бил напишан на компјутери NeXT, но со издавањето на Doom била напишана и верзија за DOS, а подоцна и за други играчки конзоли и оперативни системи.

Изворниот код за верзијата на Doom за Линукс е пуштен во јавноста во 1997 година под лиценца што дава права за некомерцијални употреби, а подоцна во 1999 година и под ГНУ-овата општа јавна лиценца. Многуте неофицијални верзии на Doom за други подлоги направени оттогаш овозможуваат играта да работи на претходно неподдржани оперативни системи и понекогаш радикално ја зголемуваат функционалноста на погонот со нови можности.

Не е "вистински 3Д погон", бидејќи не е можно да се гледа горе и долу и два сектори не може да бидат еден врз друг, но системот е сепак прилично елегантен и дава псевдо-3Д рендеринг. Во нејзиното време, Doom беше револуционерна во способноста за брзо 3Д цртање на текстури.