Back

ⓘ Московски уметнички театар. Московскиот уметнички театар руски: Московский Художественный Академический Театр е руски театар специјализиран во театралниот натур ..




Московски уметнички театар
                                     

ⓘ Московски уметнички театар

Московскиот уметнички театар руски: Московский Художественный Академический Театр е руски театар специјализиран во театралниот натурализам. Бил основан во 1898 година од Константин Станиславски уметнички директор и Владимир Немирович Даншенко административен директор со единствена цел да се замени старомодното историско играње и режирањето со поедноставен и пореален стил. Театарот бил отворен со делото на Алексеј Толстој "Цар Фјодор Иванович" Царь Фёдор Иоаннович, а првиот голем успех го постигнал со делото на Антон Чехов "Галебот" Чайка. Покрај делата на Чехов, театарот поставил нови дела како на Максим Горки и Морис Матерлинк. Трупата на театарот со одушевување била примана на турнеите низ Европа и Америка во 1922 година и изврши влијание врз подоцнежниот развој на театарот низ целиот свет. Од 1939 година познат е како "Московски академски уметнички театар" Московский Художественный Академический Театр.