Back

ⓘ Баскервилски пес е криминалистички роман од Сер Артур Конан Дојл, издаван во списанието Стренд во 1901 и 1902. Случките се одвиваат во Дартмур во 1889. Во делот ..




Баскервилски пес
                                     

ⓘ Баскервилски пес

Баскервилски пес е криминалистички роман од Сер Артур Конан Дојл, издаван во списанието Стренд во 1901 и 1902. Случките се одвиваат во Дартмур во 1889. Во делото Шерлок Холмс и Др. Вотсон ја истражуваат клетвата поврзана со Баскервилското куче.

                                     

1. Инспирација

Главна инспирација било мочуриштето Фокс Тор за пишување на романот. Имотот на Бскервил е или имотот на Хејфорд Хол или на Брук Менор, што и двете се во близина на Баскфестлија. Во ова дело повторно се појавува Шерлок Холмс со Др. Вотсон. Конан Дојл ги вметнал повторно поради нивниот претходен успех.

                                     

2. Главни ликови

Шерлок Холмс – главниот лик во романот, детективот од улицата 221b Baker Street од Лондон кој ќе ја реши мистеријата околу ѕверот и убиставата.

Џон Вотсон – раскажувачот на приказната, соработник на Шерлок Холмс и негов пријател.

Хуго Баскервил – сопственик на имотот Баскервил од 17 век со кого започнала мистеријата во семејството.

Чарлс Баскервил – препоследниот преживеан сопственик на имотот, кој е убиен веднаш на почетокот на романот и неговото убиство е едно од главните во романот.

Хенри Баскервил – внук на Чарлс Баскервил, наследник на имотот и еден од главните ликови.

Д-р Мортимер – лекар, пријател на Чарлс и Хенри Баскервил, лик кој го открива убиството.

Џек Степлтон – главниот антагонист, убиец и заговорник на серија убистава и проневери.

Берил Степлтон – сопруга на Џек Степлтон, но и во улога на негова сестра.

Џон и Елиза Беримор – главни домашни помошници на Баскервелови.

Лора Лионс – наводна љубовница на Џ. Степлтон.

Селден – тежок криминалец кој пребегнал во близината на Баскервелови.