Back

ⓘ Библиотека Благој Јанков - Мучето - Струмица. Библиотекарството во Струмица има долга традиција. Првите показатели за постоење на библиотекарски фондови датираа ..




Библиотека Благој Јанков - Мучето - Струмица
                                     

ⓘ Библиотека "Благој Јанков - Мучето" - Струмица

Библиотекарството во Струмица има долга традиција. Првите показатели за постоење на библиотекарски фондови датираат од 1927 година, кога во Струмица било формирано друштво "Реља Крилатица ” кое развивало културно-просветна дејност. Во првата половина на мај 1941 година на иницијатива на окупаторските власти во Струмица било формирано читалиштето "Гоце Делчев”. Формирањето на ова читалиште се карактеризира со компромисна борба од членовите на КПЈ и напредните луѓе на Струмица, за да не дозволат организирана антимакедонска и профашистичка дејност.

Наредната година 1946 година била формирана Општинската матична библиотека "Благој Јанков Мучето” како градска народна библиотека. Поради честите менувања на просторијата во која била сместена библиотеката веројатно се губат писмените документи за развој и работата на библиотеката до 1950 година, во тој период библиотеката располагала со библиотечен фонд од 2.500 книги, една просторија од 40 – 60 редовни читатели и годишен буџет од 500 до 700 денари од основачот – Градскиот народен одбор на Струмица. Годината 1951 претставува пресвртница во развојот на библиотеката и библиотекарството во струмчкиот крај со доаѓањето на Слободан Карикиров - прв стручен библиотекар. Во 1952 оваа културна институција била прогласена за буџетска со редовен буџет од 2.600 денари. Во текот на таа година Библиотеката ја организирала и својата прва изложба на книги која била посетена од преку 2000 ученици и граѓани. Во 1956 година значајно е со реализирањето на 3 редовни вработени библиотекари. Во 1961 година прераснува во матична библиотека. Од 1978 година била сместена во сопствен објект со површина од 600 м2.

Во 2006 година била поддржана од проектот на УНДП "Пријателски библиотеки за сите грагани финансиран од Кралството Норвешка" и со 20% учество на Општина Струмица бил реновиран и адаптиран долниот кат од библиотеката.

Зградата на објектот е вклучен во Списокот на Културно наследство на Македонија.