Back

ⓘ Малечката Фадета е роман од 1849 година, од француската писателка Жорж Санд. Санд ја напишала книгата во текот на 1840-тите, но првото издание на некој странски ..




Малечката Фадета
                                     

ⓘ Малечката Фадета

Малечката Фадета е роман од 1849 година, од француската писателка Жорж Санд. Санд ја напишала книгата во текот на 1840-тите, но првото издание на некој странски јазик било дури во 1900 г. Во 2004 г. оваа приказна е екранизирана во форма на детска ТВ серија.

                                     

1. Кратка содржина

Приказна за браќата близнаци Силвине и Ландри кои од самото раѓање се поврзани еден со друг. Иако ги советувале да ги разделуваат почесто, тие биле постојано заедно. Кога наполниле четиринаесет години, Ландри заминува да работи во соседството, кај пријателот на својот татко Кајо, а Силвине постојано тагува и се разболува. Незадоволен од ладниот однос на својот брат тој бега од својот дом кон блиската река.

Во меѓувреме Ландри го бара својот брат тој не можел да помине една река и наидол на ФадетаФадета била грда и се облекувала како машко, таа била внука на Фаде која ја сметале за вештерка бидејќи правела чудни лекови. Мајката на Фадета ја напуштила неа и нејзиниот брат и сега за нив се грижела нивната баба, која ги измачувала ги присилувала да работат. Таа му помага за возврат тој и ветува дека ќе игра со неа на селскиот бал. Ландри го исполнува своето ветување и танцува цело време со неa, иако Мадлон, едно од по убавите девојчиња, бара да танцува со него тој ја одбива и продолжува да танцува со Фадета. За врeме на балот Фадета ја напаѓаат други момчиња, а Ландри ја брани Фадета, Фадета решава да си оди од балот и му дозволува на Ландри да танцува и со друѓи девојчиња.Но тој решава да ја следи и ја гледа како плаче. Во Ландри се јавува љубов кон Фадета и тој пробува да ја бакне во еден момент но Фадета не му дозволува. Таа му кажува дека следниот ден ќе се каел ако ја бакнел. Ландри следниот ден се запрашува што сакал да направи. По некое време тој ги наслушува Фадета и Мадлон како зборуваат и реализира дека Фадета е добро и многу паметно девојче а Мадлон е девојче со лош и љубоморен карактер. Тој повторно се вљубува во Фадета, а овојпат и Фадета во него. За ова дознава неговиот брат Силвине но не кажува никому. За нивната врска дознаваат сите од Мадлон. Родителите на Ландри се портив нивната врска бидејќи Фадета е од сиромашно семејство. По ова Фадета решава да си замине од селото.

Фадета заминува од селото, а по неколку месеци се враќа бидејќи баба ѝ умрела. Баба ѝ остава големо наследство и родителите му дозволуваат на Ландри да се венча со неа. За сето тоа време Силвине страда, но конечно ќе се помири откако Фадета ќе го крене на нозе и тој заминува во војска.

                                     

2. Ликови

  • Мадлон - едно од поубавите девојчиња во селото
  • Фаде - бабата на Фадета и Жане
  • Жане - помалиот брат на Фадета
  • Ландри Барбо - посилниот од двајцата близнаци
  • Силвине Барбо - послабото и љубоморно братче
  • Франсоа Фадета - грдото девојче од селото, подоцна голема љубов на Ландри
  • Кајо Барбо - татко на близнаците