Back

ⓘ Градски парк, Киев. Градскиот парк е еден од парковите во престолнината на Украина, Киев. Поранешни имиња на паркот се: Царски парк во времето на Руската Импери ..




Градски парк (Киев)
                                     

ⓘ Градски парк (Киев)

Градскиот парк е еден од парковите во престолнината на Украина, Киев.

Поранешни имиња на паркот се: Царски парк во времето на Руската Империја и Првомајски парк во времето на Советскиот Сојуз. Денешното име, паркот го добило по добивањето на независност на Украина.

Паркот бил основан во 1743 година од страна на архитектот Бартоломео Растрели, врз основа на планот односно на местото на градината која датирала од времето на Петар Велики. Во 1763 година биле засадени неколку видови на овошје, кои биле ставени во стаклената градина. Во оваа област денеска се наоѓа стадионот на ФК Динамо Киев, Лобановски.

Самиот парк географски се наоѓа помеѓу Маринскиот и Крештатискиот парк. Вкупната површина на паркот изнесува 11.7 хектари.