Back

ⓘ Mузеј на Михаил Булгаков, Киев. Книжевно-меморијалниот музеј на Михаил Булгаков е музеј кој се наоѓа во престолнината на Украина, Киев. Музејот претставува спом ..




Mузеј на Михаил Булгаков (Киев)
                                     

ⓘ Mузеј на Михаил Булгаков (Киев)

Книжевно-меморијалниот музеј на Михаил Булгаков е музеј кој се наоѓа во престолнината на Украина, Киев.

Музејот претставува спомен-куќа и меморијален музеј на Михаил Булгаков, и објектот претставува местото каде писателот живеел со својата сопруга. Долго пред да биде основан музејот, првиот директор на музејот започнал да собира средства за негово основање. По ова, биле собрани доволно материјали кои биле поврзани со писателот.

Во 1989 година, Киевскиот извршен комитет одлучил да формира меморијален центар во спомен на писателот. Така, по две години, на 15 мај 1991 година бил официјално за првпат отворен музејот.

Денеска, во музејот се наоѓа експонати од 3.000 предмети.