Back

ⓘ Национален музеј на литературата на Украина. Националниот музеј на литературата на Украина е музеј кој се наоѓа во престолнината на Украина, Киев. Музејот се на ..




                                     

ⓘ Национален музеј на литературата на Украина

Националниот музеј на литературата на Украина е музеј кој се наоѓа во престолнината на Украина, Киев.

Музејот се наоѓа во една зграда од 19 век, изградена во 1870 година од архитектот А. Шиле. Од 1871 година во оваа зграда се наоѓал приватен колеџ, а во 1885 година била сместена и библиотека чиј ентериер бил дизајниран од страна на италијански архитекти.

Денешниот музеј бил основан во 1986 година. Тој е еден од најголемите од таков тип на музеи во земјата ги опфаќа сите периоди од развојот нас украинската литература, од почетокот на Киевска Рус до денес. Бројот на експонати е околу 85.000.