Back

ⓘ Национален музеј на медицината на Украина. Националниот музеј на медицината е музеј кој се наоѓа во престолнината на Украина, Киев. Музејот бил основан во 1973 ..




Национален музеј на медицината на Украина
                                     

ⓘ Национален музеј на медицината на Украина

Националниот музеј на медицината е музеј кој се наоѓа во престолнината на Украина, Киев.

Музејот бил основан во 1973 година, а првата изложба се случила во 1982 година. Музејот се наоѓа во зградата на поранешниот медицински театар, која била изградена од страна на архитектот Александар Берета во 1853 година. Зградата претставува споменик на архитектурата на Украина која е изградена во стил на класицизам.

Идејата за основање на еден таков музеј започнала во раните 1960-ти години. денеска, во музејот се наоѓа историјата и развојот на украинскатам медецина од античко време до денес. Изложбата се состои од фотографии, книги, инструменти, анатомски подготовки, лични предмети на познати украински лекари, лекови, медицински и фармацевтски уреди.