Back

ⓘ Музеј на Шолем Алехем, Киев. Музеј на Шолем Алехем е музеј кој се наоѓа во престолнината на Украина, Киев. Музејот е посветен на животот и делото на познатиот у ..




                                     

ⓘ Музеј на Шолем Алехем (Киев)

Музеј на Шолем Алехем е музеј кој се наоѓа во престолнината на Украина, Киев. Музејот е посветен на животот и делото на познатиот украински еврејски писател Шолем Алехем, чии дела се преведени на 64 јазици ширум светот.

Музејот бил отворен на 2 март 2009 година за 150-годишнината од раѓањето на уметникот и истиот се наоѓа на улица Црвена армија. За создавањето на музејот биле потрошени околу 2 милиони гривни.

Музејот се состои од експонати за животот и делото на писателот. Во музејот има околу 500 експонати.