Back

ⓘ Архивот на Шерлок Холмс е последната збирка раскази со Шерлок Холмс од писателот Артур Конан Дојл. За првпат била издадена во 1927 год. и содржи раскази објавен ..




                                     

ⓘ Архивот на Шерлок Холмс

Архивот на Шерлок Холмс е последната збирка раскази со Шерлок Холмс од писателот Артур Конан Дојл. За првпат била издадена во 1927 год. и содржи раскази објавени помеѓу 1921 и 1927 год.

Ова збирка содржи три расказа во кои Др. Ватсон не е раскажувачот. Расказот,Мазаринскиот камен" е раскажуван во трето лице заради тоа што бил планиран и за театарска претстава каде Ватсон скоро и не се појавува. Во расказите,Побледениот војник" и,Лавовска грива" самиот Холмс е раскажувач; во вториот, дејството се одвива по неговото пензионирање.

                                     

1. Раскази

  • ,Лавовска грива" "The Adventure of the Lions Mane"
  • ,Ползач" "The Adventure of the Creeping Man"
  • ,Сасешкиот вампир" "The Adventure of the Sussex Vampire"
  • ,Прославениот клиент" "The Adventure of the Illustrious Client"
  • ,Загатката на Торскиот мост" "The Problem of Thor Bridge"
  • ,Поседот Шоскомб" "The Adventure of Shoscombe Old Place"
  • ,Побледениот војник" "The Adventure of the Blanched Soldier"
  • ,Мазаринскиот камен" "The Adventure of the Mazarin Stone"
  • ,Превезениот станар" "The Adventure of the Veiled Lodger"
  • ,Бојаџијата во пензија" "The Adventure of the Retired Colourman"
  • ,Три калкана" "The Adventure of the Three Gables"
  • ,Три Гаридеба" "The Adventure of the Three Garridebs"

Љубителите и изучувачите на Шерлок Холмс ја сметаат Архивата за една од најнеимпресивните во канонот. Таа била напишана кога Дојл имал тотално изгубено интерес за пишување на дела со Шерлок Холмс и затоа не се сметаат за значајни во канонот.