Back

ⓘ Судир на кралеви е втората од седумте планирани книги во серијалот фантастични романи Песна за лед и оган на американскиот писател Џорџ Р. Р. Мартин. Објавена е ..




                                     

ⓘ Судир на кралеви

Судир на кралеви е втората од седумте планирани книги во серијалот фантастични романи Песна за лед и оган на американскиот писател Џорџ Р. Р. Мартин. Објавена е на 16 ноември 1998 година во Обединетото Кралство, а во САД дури во март 1999 година. Како и својот претходник, Игра на тронови, Судир на кралеви ја освои наградата Локус за најдобар роман, а истовремено е номиниран за наградата Небула за најдобар роман.

Дејството во Судир на кралеви се надоврзува на дејството на Игра на тронови со неколку нови ликови-раскажувачи. Според романот е снимена втората сезона од серијалот Игра на тронови на HBO, која се прикажуваше во пролетта, 2012 година.

Романот ги следи судбините на низа ликови кои се соочуваат со ново-настанатите случувања по смртта на Едард Старк, патријархот на домот Старк. Семејството Ланистер го зазема престолот, држејќи ја Санса Старк како заложник, додека нејзината сестра Арја, талка низ кралството преправена во момче. Малиот Брен мора да владее со кралското седиште на Старк, додека неговиот постар брат Роб се подготвува за војна во југот. Главниот конфликт во романот произлегува од ликот на Станис Баратион, брат на починатиот крал Роберт, кој заслепен од одмазда, и магична поддршка од таинствената свештеница Мелисандра, го напаѓа кралскиот престол, што кулминира во директен напад со бродови на ѕидните на кралската престолнина.