Back

ⓘ Арапска куќа, Скопје. Првобитно, Арапската куќа била семејна куќа во сопственост на браќата Агоп и Агавни Дикиниџијан, богати трговци Ерменци., а била изградена ..




Арапска куќа (Скопје)
                                     

ⓘ Арапска куќа (Скопје)

Првобитно, "Арапската куќа" била семејна куќа во сопственост на браќата Агоп и Агавни Дикиниџијан, богати трговци Ерменци., а била изградена во периодот 1936-1938 година. Надворешноста на палатата била права сензација за граѓаните на Скопје, со шарени полуелиптични џамлаци, на два ката со балкони на столбовите, со кули наместо ќерамиди на покривот и со чудни шари на фасадата. На влезот имало масивна железна врата со изгравирани иницијали од благороден метал "А.Д.", бавча со водоскок и масивна орнаментирана ограда. Внатрешноста на палатата била со унгарски паркет со орнаментика, со жолто-зелени и црвени стакла, со црвени мермерни скали, со мермерни декорации од сини птици на скалите и во ходниците, со кристални лустери и со детаљи од слонова коска. Ерменецот Агоп Дикинџијан бил сопственик и на фабриката за шамии "Тулбенд". Нејзин архитект бил рускиот емигрант Иван Артемушкин, кој се доселил во Скопје непосредно по Октомвриската револуција. По смртта на Агоп и неговата сопруга Агавни, во Арапската куќа живееле Рустем бег со својата сопруга, Русинката Натали.

Во 1964 година, "Арапската куќа" била преуредена во хотел, наречен "Јадран". Последното преуредување на куќата е направено во 1989 година.

                                     

1. Архитектонски одлики

"Арапската куќа" е градена во маварски стил. Поради својата архитектонска особеност, "Арапската куќа" е прогласена за историски споменик на културата.