Back

ⓘ Бесови, роман. Демони или Бесови е роман од Фјодор Достоевски издаден во 1872 година. Романот е со политичка тематика, која еден вид сведоштво за животот во Цар ..




Бесови (роман)
                                     

ⓘ Бесови (роман)

Демони или Бесови е роман од Фјодор Достоевски издаден во 1872 година. Романот е со политичка тематика, која еден вид сведоштво за животот во Царска Русија во доцниот 19 век.

Како што револиционерните демократи земаат замав во Русија во тоа време, се појавуваат различни идеологи на политичкиот и општествен руски живот. Достоевски се осврнува и на двете големи политичко-идеолошки крила, левото, т.е. либералното, и десното, т.е. конзервативното крило. Преку книгата Достоевски ги прикажува левите идеали како "демонски". Книгата има пет главни идеолошки ликови, и тоа: Верховенски, Шатов, Ставрогин, Трофимович и Кирилов.

Деветтото поглавје од вториот дел од книгата бил цензуриран и оригинално не бил издаден. Тоа поглавје е со сексуално-престапен карактер и не било дозволено истиот да се испечати. Сепак во модерните изданија и преводи и ова поглавје е вклучено.

                                     

1. Вовед

Романот се одвива во едно провинциско место во Русија, во близина на Санкт Петербург, односно на имотите на Степан Трофимович и Варвара Ставрогина. Синот на Степан Трофимович, Пјотр Верховенски, е револуционерен заговарач кој се обидува да организира круг на револуционери во областа. Тој го смета Николај Ставрогин, син на Варвара Ставрогина, како централна личност во сценариото бидејќи според Пјотр тој нема човечко чувство. Веховенски ги прибира заговарачите од типот на Шигалјов, Кирилов и Виргински и ја тестира нивната лојалност со тоа што им наредува да го убијат Иван Шатов. Веховенски планира да го придобие Кирилов, кој пак се согласува за соработката и така Верховенски го убива Шатов. Во тој момент неговиот план се срушува.

                                     

2. Ликови

  • Бискупот Тихон
  • Варвара Ставрогина
  • Николај Всеволодович Ставрогин
  • Липутин
  • Пјотр Степанович Верховенски
  • Марија Тимофеевна Лебједкин
  • Алексеј Нилич Кирилов
  • Степан Трофимович Верховенски
  • Маврики Николаевич Дроздов
  • Иван Шатов
  • Федка Осуденикот
  • Лизавета Николаевна
  • Шигалјов
  • Капетанот Лебједкин
                                     

3. Осврт кон романот

Во романот "Бесови" Достоевски извршил најсилен напад врз руските револуционери, споредувајќи ги со библискиот чопор свињи во кои влегле злите духови. Според него, постапките на револуционерите се поттикнати од дивите, разурнувачки инстинкти и од безграничната желба за власт.