Back

ⓘ Политика - Политика, Монетарна политика, Нова економска политика, на Македонија, Правило во монетарната политика, Јавна политика, Фискална политика, Англосфера ..




                                               

Политика

За политичкото списание, види Политика списание. Политика, е процес во кој група луѓе донесува заеднички одлуки. Терминот главно се однесува на однесувањето во рамките на граѓанското владеење, но се користи и за други групни односи, вклучувајќи ги корпоративните, академските, и религиските институции. Се состои од "општествени односи кои вклучуваат власт или моќ" и се однесува на регулацијата на јавните случувања во рамки на политичка единица и на методите и тактиките кои се користат за формулирање и употреба на политиката.

                                               

Монетарна политика

Монетарната политика претставува дел од макроекономската политика на една земја. Со нејзините мерки и инструменти, во комбинација со мерките и инструментите на другите макроекономски политики, се остваруваат целите на економската политика. Монетарната политика ја води државата, но за нејзината реализација е задолжена централната банка, која преку регулирање на парите во оптек и кредитите влијае врз вкупните економски движења во една земја. Монетарната политика се остварува преку одредени инструменти, преку кои централната банка дејствува пред сè антиинфлаторно. На овој начин, монетарната п ...

                                               

Нова економска политика

Новата економска политика претставувал економска политика која била воведена во Русија и Советскиот сојуз во 1921 година од страна на Владимир Ленин. Целта на оваа политика била либерализација на економијата во земјата. Во текот на оваа нова политика било дозволено создавање на приватни фирми, додека државата продолила да ги контролира банките, надворешната трговија и големите индустрии. Оваа решение било прифатено на Десеттиот конгрес на Комунистичката партија на Русија. во практикам декретот барал од земјоделците да дадат на владата одреден износ на суровини и земјоделски производи како ...

                                               

Политика на Македонија

Република Македонија е република со мешовит тип на организација на власта. Единствено отстапување од мешовитиот тип на организација на власта и, општо, од принципот на поделба на власта е уставното решение Собранието на Република Македонија да може да биде распуштено само преку одлука на своите пратеници. Ова уставно решение е карактеристично за политичките системи со собраниски тип на организација на власта. Македонија е парламентарна демократија. Власта е поделена на законодавна, извршна и судска. Уставот е највисокиот закон во државата. Политичките институции на Република Македонија се ...

                                               

Правило во монетарната политика

Правило за монетарната политика претставува алгебарски, бројчен или графички опис на начинот според кој се носат одлуките за промена на инструментите на монетарната политика како одговор на промената на економскитe променливи

                                               

Јавна политика

Јавна политика е начин на дејстување или недејстување избран од јавната власт за решавање на некој проблем. Јавната политика се изразува во збир закони, регулативи, одлуки и постапки на една влада. За формулирање на јавната политика, како и за оценка на нејзината ефективност се применува анализа на политика. Многу аналитичари на јавна политика добиваат докторати и титули Магистар по јавна политика и Магистар по јавна администрација во школи за јавна политика, додека пак други специјализираат и добиваат дипломи како Магистар по образование за специјализација во образовната политика или Маги ...

                                               

Монетарна политика на Македонија

Монетарната политика на Република Македонија претставува дел од општата економска политика на Република Македонија, која ја води Народната банка на Република Македонија. Заради тоа, целите што сакаат да се постигнат во одреден период со економската политика претставуваат истовремено и цели на монетарната политика

                                               

Инструменти на монетарната политика на Македонија

Инструментите на монетарната политика во Македонија претставуваат административни мерки и финансиски трансакции преку кои Народната банка на Македонија ја спроведува монетарната политика.

                                               

Фискална политика

Во економијата и политичката наука, фискалната политика е употреба на збирка на државни приходи и расходи за да влијаат на економијата Двете главни инструменти на фискалната политика се промени во нивото и составот на оданочување и државна потрошувачка во различни сектори. Овие промени може да влијаат на следните макроекономски промени во една економија: Дистрибуција на приход; Агрегатна побарувачка и нивото на економската активност; Начин на распределба на средства во државниот сектор и поврзан со приватниот сектор. Фискалната политика се однесува на употребата на државниот буџет да влија ...

                                               

Зелена политика

Зелена политика или екополитика е политичка идеологија која има за цел да го поттикне еколошки одржливото општество, вкоренето во правата на животна средина, ненасилството, социјалната правда и грасрутс демократијата. Идеологијата започнала да се гради во западниот свет во 1970-тите; оттогаш се развиваат зелените партии кои се етаблираат во многу земји ширум светот, дел од кои постигнуваат значаен изборен успех. Политичкиот термин "зелено" се употребувал првично во однос на Зелените, германска политичка партија формирана кон крајот на 1970-тите, чии тогашни гледишта се слични со денешните ...

                                               

Десница (политика)

Десно крило", "политичка десница" и само "десница" - политички поими во ориентацијата лево-десно, односно како спротивна ориентација од левицата. Има огромен број на дефиниции; со истото име во политиката понекогаш можат да се означуваат повеќе нешта. Сепак, воглавно се користи за објаснување на сегментите од политичкиот спектар коишто често се поистоветуваат со некои степени на конзервативизам, американски конзервативизам, монархизам, фашизам, десничарски либерализам, анархо-капитализам, палеолиберализам, неолиберализам, реакционизам, традиционализам, ројализам, религиозна десница, национ ...

                                               

Англосфера

Англосфера e неологизам и поим кој ги означува државите во светот во кои се зборува англискиот јазик како мајчин, службен или втор јазик како резултат на нивното културно-историското наследство од колонизација од англо-саксонско население во рамки на Британската Империја. Покрај ваквото толкување, англосферата претставува и теоретски и научен концепт кој се користи во проучувањето на геополитиката, меѓународните односи и политика, историјата на овие земји, поранешни британски колонии, преку заедничкиот јазик и заедничките споделени политички, економски, културолошки, филозофски, општествен ...

                                               

Говорништво

Говорништво или ораторство - говорење пред група луѓе на подреден, умислен начин кој има за цел да ги информира, влијае врз, или да ги забавува слушателите. Како и кај било кој начин на општење, говорништвото се состои од пет најважни елементи "кој кажува што, кому со помош на кој медиум и со која цел"? Целта на говорништвото може да биде од едноставен пренос на информации, мотивирање на луѓето да дејствуваат на извесен начин, па до едноставно раскажување на некоја приказна. Добриот говорник треба да може и да ги менува чувствата на своите слушатели, а не само да ги информира. Во античка к ...

                                               

Државник

Државник е политичар или друг државен деец со долга и ценета кариера во внатрешната и надворешната политика на една земја. Државништвото како поим исто така означува и квалитет на раководство и водство, кое органски ги обединува луѓето, а означува и старешинство, во смисол на грижа за другите луѓе и за општото добро. "Политичар" е било кој избран функционер, но само малку од нив успеваат постојано да дејствуваат како непристрасни поборници за општото добро и интегритет. Така, постојат големи разлики помеѓу поимите "политичар" и "државник". Поимот "државник" се применува и општо за шеф на д ...

                                               

Колонијализам

Колонијализмот е воспоставување, експлоатација, одржување, стекнување, како и проширување на колониите во една територија од страна на луѓе од друга територија. Тоа е збир на нееднакви односи меѓу колонијалната сила и колонијата и често меѓу колонистите и домородното население. Европскиот колонијален период била ерата од 16 век до средината на 20 век, кога неколку европски сили, основале колонии во Азија, Африка, и Америка. Најпрвин земјите следиле меркантилистички политики со цел да се зајакне домашната економија на сметка на соперниците, па на колониите обично им било дозволено да тргува ...

                                               

Консензус

Консензусот е групна одлука за која некои од членовите што ја донеле можат да мислат дека не е најдобра, но со која сите можат да живеат, да ја поддржат и да се обврзаат дека нема да ја поткопуваат. До оваа одлука се дошло со гласање, низ процес во кој проблемот потполно бил претресен, а сите членови се чувствуваат дека се адекватно сослушани. При донесувањето на одлуката секој има подеднаква моќ и одговорност и притоа се избегнати различните степени на влијание врз основа на поединечната тврдоглавост или харизма, така што на крајот сите се задоволни од процесот на донесување на одлуката. ...

                                               

Политичка култура

Постојат неколку дефиниции за терминот политичка култура, но сите се согласуваат дека политичка култура е "збир на вредности низ кои делува политичкиот систем". Политичката култура е уникатна за секој народ, за секоја држава, за секоја заедница, и воопшто не е исто што и политичка идеологија. Политичарите од различни политички партии најчесто не се согласуваат со тоа што го прави владата, но мора да делат иста политичка култура. Како термин, политичката култура е воведена во Америка кон крајот на 1950-ти години. Овој термин веднаш го прифатиле двајца водечки политички научници од Европа од ...

                                               

Личното е политичко

Личното е политичко е политички аргумент користен како слоган на студентското движење и вториот бран на феминизмот од крајот на 1960-тите. Тој ја истакна поврзаноста на личното искуство и поголемите социјални и политички структури. Во контекст на феминистичкото движење на 1960-тите и 1970-тите години, тоа беше предизвик за нуклеарното семејство. Фразата е постојано опишана како дефинирачка карактеризација на вториот бран на феминизмот, радикалниот феминизам, Женските студии, или феминизмот воопшто. Тој го диференцирал вториот бран на феминизам од 1960-тите и 1970-тите години, од почетокот ...

                                               

Локална самоуправа

Локалната самоуправа е облик на јавна управа каде жителите на извесно подрачје образуваат заедница која е признаена од централната власт и како таков има специфичен правен статус.

                                               

Меѓународни односи

Meѓународни односи претставува учење за надворешните работи и глобалните прашања помеѓу одредени држави во меѓународниот систем, вклучувајќи ги улогите на државите, внатрешно-владините организации, невладините организации и мултинационалните корпорации. Тоа е академско и јавна стратегија, и може да биде позитивна и негативна, затоа што и двете стратегии бараат да се анализира и формулира надворешната политика на одредени држави. Често се смета како гранка на политичките науки. Со исклучок на политичките науки, МО се интересираат за различни области како што се: економија, историја, право, ...

                                               

Нарендра Моди

Нарендра Дамодардас Моди, широко познат како Нарендра Моди е индиски политичар кој служи како 14-ти и сегашен премиер на Индија од 2014 година. Тој бил главен министер на Гуџарат од 2001 до 2014 година и е пратеник во парламентот на Варанаси. Моди е член на партијата Баратија Џаната и на Раштарија Свејамсевак Санг, хинду националистичка волонтерска организација. Тој е првиот премиер надвор од Индискиот национален конгрес кој освои два последователни мандати со целосно мнозинство и вториот што заврши повеќе од пет години на функцијата по Атал Бихари Вајпаи.

                                               

Поглавица

Племенските општества под водство на еден или повеќемина водачи се појавиле во Младо камено време, и останале непроменети во текот на Железното доба. Во однос на домородните народи кои постоеле за време на колонијалните држави, поглавицата го претставувал племето во форма на самоупоравување. Највообичаена форма била претседател на советот на старешините, како и воен водач титула што се давала во време на војна, потоа водач како титула што се наследувала, и врач како доминантна фигура во теократските заедници. Терминот поглавица најчесто се разликува од пониските титули како селски старешин ...

                                               

Полемика

Полемиката е напис во кој се расправа за нечии сфаќања, се оспорува нечија теза, односно со аргументи се побива туѓото мислење. Таа претставува остар судир на две мислења. Ставовите се одбрануваат со аргументи, но зависи и од јазичната способност на авторот. Се случува во полемиката да се нападне и личноста, а не само идејата, што не е многу чесен начин на полемизирање. Силата на аргументите во комбинацијата со силата на јазикот се најсилните елементи во полемиката, а успешноста зависи од судот на оние кои ја читаат, слушаат или гледаат, значи од поширокиот аудиториум. Публиката го донесув ...

                                               

Политичка идеологија

Политичка идеологија е идеологија која се фокусира на алоцирањето на моќта во општеството и за каква цели таа моќ треба да се искористи. Политичките идеологии имаат две димензии: 1. Цели: Како општеството треба да функционира или како да биде организирано. 2. Средства: Најсоодветниот начин за како да се постигнат тие цели. Идеологија е збир на идеи. Вообичаено, секоја идеологија содржи одредени идеи за тоа која би била најдобрата форма за организирање на општеството, како и најдобриот економски ситем. Понекогаш зборот идеологија се користи како синоним за политичкиот и економскиот систем н ...

                                               

Преговори

Преговорите се дијалози наменети за решавање спорови,за резултирање со договор на курсевите на дејствување, за пазарување за поединечна или колективна предност или за давање на резултати за задоволување на различни интереси. Тоа е основниот начин на алтернативно решавање на спорови. Преговорите се појавуваат во бизнис, непрофитни организации, владини организации, правни постапки меѓу народите и во лични ситуации како што се бракот, разводот, родителството и секојдневниот живот. Изучувањето на предметот се нарекува преговарачка теорија. Стручните преговарачи се често специјализирани како шт ...

                                               

Расправа

Расправата е студиозен напис посветен на одредено прашање од некоја научна област. Научните тврдења се поткрепени со аргументи, изворите од кои се црпени информациите се наведени во фусноти, што значи дека расправата се одликува со: објективност, студиозност и документираност. Во неа јасно се издвојуваат воведниот дел, каде се поставуваат тезите, разработката, каде аргументирано се докажуваат тие тези, и заклучокот, каде во кратки црти се нагласуваат изведените заклучоци. Докторските дисертации се еден вид расправи. Трактатот и студијата се другите називи на расправата.

                                               

Секретар

Секретар, е административен асистент во адмнинистрацијата, или може да се однесува на високорангиран чиновник во државната администрација или во влада. Канцелариската титула се однесува на личност која обработува рутински задачи за својот претпоставен. Овие чиновници обработуваат текстови, водат сметководство, бележат статистики, закажуваат состаноци и слчно. Владината титула се однесува на шеф на некој сектор, но во рамките на Обединетите Нации се однесува на водач на организацијата. Етимологијата е изведена од латинскиот збор secernere, што значи да раздели да направи разлика. Но и со ко ...

                                               

Министер за труд и социјална политика на Македонија

Министер за труд и социјална политика - прв човек во министерството за труд и социјална политика на Република Македонија, институција која била основана во 1991 година. На чело на министерството во моментов е министерката Јагода Шахпаска. На функцијата министер во техничката влада на Оливер Спасовски беше ставена Рашела Мизрахи, меѓутоа Собранието ја разреши по 12 денови поради прекршување на Уставот.

Автономија
                                               

Автономија

Автономијата, преведена од грчки, значи: - "самозаконодавство". Генерално, автономијата значи самоопределување на правилата. Во потесна смисла, Самоуправување, обично во рамките на поширока заедница што ја има централната власт, и се наоѓа помеѓу две крајности: потчинетост и независност.

Гласноговорник
                                               

Гласноговорник

Гласноговорник е говорник од името на други - одговорното лице за контакти и односи со јавноста. Применувани се во големите компании или политички партии, каде што е важно медиумите да се известуваат со единствени информации. Како гласноговорник е избран слаткоречив човек. Главна задача на гласноговорникот е да се создаде добар имиџ на институцијата или дури и личноста која ја застапува.

                                               

Монарх

Монарх е име за лице кое како владетел на држава управува доживотно со државата врз основа на законот за наследство. Државите на чело е монарх се нарекуваат монархии. Монархот мора да биде приврзан кон црквата и религијата за да биде крунисан за император или крал на една држава.

Неутралност
                                               

Неутралност

Неутралност е збор што значи не заземање на било која страна во конфликт, спор и слично. Неутралност е нешто што се бара од судија. Неутралност може да прогласи некоја држава во чие соседство се одвиваат воени операции на пр. Швајцарија во Втората светска војна.

Политички затвореник
                                               

Политички затвореник

Политички затвореник е некој кој е затворен бидејќи се спротивставува или ја критикува владата. Терминот се користи од страна на лица или групи кои го оспоруваат легитимитетот на притворот на затвореник. Поддржувачите на терминот го дефинираат политичкиот затвореник како некој кој е затворен за неговото или нејзиното учество во политички активности. Ако политичко кривично дело не е официјалната причина за притвор, терминот ќе значи дека притворот бил мотивиран од политиката на затвореникот.

                                               

Претседател на Република

Претседател на државата е функција која е застапена во републиканските системи. Во зависност од организацијата на власта, функцијата претседател на државата може да биде само репрезентативна, но може да биде и функција со значителни овластувања. Зависно од уставните решенија, претседатателот на државата се избира на период од 4, 5, 6 или 7 години со или без право на реизбор.