Back

ⓘ Уметност - Уметност, Ликовна уметност, Музеј на современата уметност, Скопје, Исламска уметност, Украсна уметност, Келтска уметност, Анимација, Апстракција ..




                                               

Уметност

Уметност - човечка активност, производ на таа активност или идеја за истата, поврзана со сетилата, со емоциите и со интелектот. Може да се рече дека уметноста му е својствена на човекот, со што тој се разликува во рамки на природата, и се издвојува од останатите живи битија. Во Европа, од крајот на XVIII век, овој поим главно се однесува на производите на таканаречените "убави уметности", како, на пример: вајарството, сликарството, архитектурата, графиката, но исто така и музиката, танцот, поезијата и литературата. Подоцна на тоа, меѓу другото, се додават и кујната, кинематографијата, теат ...

                                               

Ликовна уметност

Ликовната уметност е класа на уметности во која спаѓаат сликарството, скулптурата, фотографијата, гравурата и други, кои се главно од визуелен карактер. Ликовните уметности со три димензии како скулптурата и архитектурата спаѓаат во т.н. пластични уметности. Ликовната уметност која се практикува денес се нарекува современа уметност.

                                               

Музеј на современата уметност (Скопје)

Музеј на современата уметност - музеј на современата уметност во Скопје е сместен на самиот рид Кале, во непосредна близина на истоимената тврдина, со особена задршка на модернизмот. Изградбата на зградата на Музејот е започната на 5 април 1969 година и е завршена до 13 ноември 1970 година, кога свечено е пуштена во употреба. Градбата претставува донација од страна на Владата на Полска. Денес, овој музеј е единствената установа во Македонија, којашто собира и обработува документација за македонската уметност и прикажува значајни историски филмови. Зградата на музејот била реновирана по прв ...

                                               

Исламска уметност

Уметност на исламот или исламска уметност - поим кој се употребува за означување на уметничките дела кои се создадени од времето на хиџрата, па сè до XIX век, на територија која се протега од Шпанија сè до Индија на која живее население што е дел од исламската култура. Уметноста создадена во контекст на исламскиот свет претставува одредено стилско единство што се должи на движењето на уметниците, трговците, нарачателите на уметнички дела како и на самите дела. Употребата на едно заедничко писмо низ целата исламска цивилизација и развојот на калиграфијата ја зајакнува оваа идеја на единство ...

                                               

Украсна уметност

Украсна уметност - изработка на украсно-функционални предмети во керамика, дрво, стакло, метал или текстил. Во ова поле спаѓаат керамиката, мебелот, покуќнината, внатрешното уредување и архитектурата. Честопати ваквата уметност се категоризира како спротивна на "фината уметност", имено, сликарството, цртањето, фотографијата и скулптурата од поголем калибар. Некои стручњаци ја разликуваат украсната од ликовната уметност по нејзината функционалност, намена, важност, статус на уникатно дело, или пак креација на еден единствен уметник.

                                               

Келтска уметност

Келтска уметност - уметност која се развивала од страна на Келтите, народ од германско потекло и кои во текот на преселбата на народите од 8 век п.н.е. дошле на овие простори и се рашириле по Европа најпрво во Галија, а потоа и по Пиринејскиот Полуостров на територија на Велике Британија, Италија и Германија во јужна Русија, Балканските земји, Грција и во Мала Азија и денес сè уште може да се најдат во Бретања, Велс, Ирска и Шкотска.

Анимација
                                               

Анимација

За Анимација кликнете овде. Дефиниции за Анимација се: Состојбата или карактеристиката на бидување жив, активен, духовен или енергичен. Актот, процесот или резултатот на давање живот, интерес, дух, движење или активност. Анимација во филмската уметност претставува: Уметноста или процесот на создавање на анимиран филм Анимиран филм

Апстракција
                                               

Апстракција

Апстракција е идеја, концепт, или збор што дефинира одреден феномен или настан на кој апстракцијата се однесува. Апстракциите често се користат во случај на двосмислени или нејасни референти, како на пример поимот "среќа", што има различни форми за различни луѓе и настани.

Богољуб Ивковиќ
                                               

Богољуб Ивковиќ

Богољуб Ивковиќ - македонски уметник. Завршил Академија за ликовна уметност во Белград, 1957 г. Бил член на групата "Мугри". Живеел во Скопје, Париз и Белград. Се занимава со сликарство, графика, цртеж и др. Самостојно излагал во Белград, Скопје и Париз повеќепати. Излагал и на многу групни изложби: Белград, Александрија, Мајски Салон во Париз 1970, Ним и Шел итн. Награден е за сликарство на изложбата "НОБ" во Белград, 1961 г. итн.

                                               

Визуелна уметност

Визуелните уметности се класа на уметнички форми, вклучувајќи сликарство, скулптура, фотографија и други, што се фокусираат на создавање дела што се главно визуелни во природа. Визуелните уметности се разликуваат од различните изведувачки уметности, јазични уметности, кулинарски уметности, и други класи на уметност. Дефиницијата не е строга и многу уметнички дисциплини вклучуваат аспекти на визуелните уметности комбинирани со други уметнички типови.

Дала коњ
                                               

Дала коњ

Далекарлиски коњ или дала коњ - традиционална изрезбарена, насликана дрвена статуа на коњ по потекло од шведската провинцији Даларна. Некогаш дала коњот главно се користел како играчка за деца; во модерно време станал симбол на Даларне, како и на Шведска воопшто. Постојат неколку различни видови на далекарлијански коњ, со карактеристики на локацијата на која се произведува.

                                               

Исламска уметност во Македонија

Исламската уметност во Македонија започнува со навлегувањето на Отоманското Царство и нејзиното консолидирање на власт во Македонија. Во македонија нивното влијаније може да се подели на: Исламска музика во Македонија Исламска Архитектура во Македонија Исламска верска култура во Македонија Исламска Поезија во Македонија Исламска Проза во Македонија

Неоимпресионизам
                                               

Неоимпресионизам

Неоимпресионизам е модернистички правец во сликарството што го вовеле француските и белгиските сликари кои водат сметка и за резултатите од т.н. научно експериментирање. Неоимпресионистите ставаат на платното чисти бои ги нанесуваат во вид на точки, цртички или ситни дамки. Критичари на овој стил го нарекле поинтилизам во 1880-тите.