Back

ⓘ Живот - Живот, Задгробен живот, Вонземски живот, - со шахот, Ноќен живот, Ти си мојот живот, Најдобрите години од нашиот живот, Универзален живот, Бесмртност ..




                                               

Живот

Животот е карактеристика на организмите која покажува определени биолошки процеси како што се хемиски реакции и други настани кои резултираат во трансформација. Живите организми се способни за раст и размножување, некои можат да комуницираат и некои можат да се прилагодат кон нивната средина преку промени од внатрешно потекло. Физичка карактеристика на животот е тоа што тој се храни од негативна ентропија. Во поголем детаљ, животот е член на класата појави кои се отворени или континуирани системи способни за намалување на нивната внатрешна ентропија за сметка на супстанциите или слободната ...

                                               

Задгробен живот

Задгробниот живот, претставува идеја според која свеста или мозокот на битието остануваат и по неговата физичка смрт. Според многу познати сфаќања, оваа продолжена егзистенција има духовен или нематеријален облик. Поголем дел од сфаќањата за задгробниот живот потекнуваат од религијата, езотеријата и метафизиката. Се верува дека починатите лица, по смртта, одат во некоја специфична област или место за егзистенција кои ги одредува Бог, според заслугите за време на нивниот живот. Реинкранацијата пак, од друга страна, се однесува на живот после смртта во кој е зачувана само "суштината" на бити ...

                                               

Вонземски живот

Вонземски живот се дефинира како живот кој не потекнува од Земјата. Предмет на проучување е на астробиологијата. Постоењето на вонземски живот се смета за хипотетичко, бидејќи не постојат докази за негово постоење кои се прифатливи за научната заедница. Спекулациите во врска со постоењето на форми на вонземски живот се движат од човеколики суштества, до животни форми како што се бактериите и вирусите.

                                               

Живот - со шахот

Живот - со шахот е шаховска книга, дело на поранешниот советски и унгарски шахист Андор Лилиентал. Делото претставува збирка од 60 партии, одиграни од страна на авторот, до периодот во кој е напишана книгата. Ова дело се појавува и е предмет на споредба со Моите 60 незаборавни партии на Фишер, не само поради бројот на партии, туку и поради пристапот во анализата на партиите, нивниот избор и разновидноста која ја нудат овие 60 партии, во поглед на отворањата, комбинациите во средишницата и големиот број на мотиви, коишто се јавуваат. Книгата е напишана на руски јазик во 1969 година.

                                               

Ноќен живот

Ноќен живот - збирен поим за разоноди достапни и повеќе популарни од вечер и рано изутрина. Ова се кафани, пабови, клафулиња, ноќни клубови, барови, жива музика, кабаре, мали театри, мали кина, претстави, и понекогаш ресторани кои се наоѓаат во извесно населено место. Тука може и да се придодадат и јавните куќи. Во ноќен живот спаѓа разонода која може да биде од прилично питома, па сѐ до развратна. Ноќната разонода по дефиниција е побујна од дневната, и обично повеќе ориентирана кон младите. Во Македонија пособено познати по ноќениот живот се градовите како Скопје, Битола и Струмица и Охри ...

                                               

Ти си мојот живот

Ти Си Мојот Живот е хумористична аргентинска теленовела. Серијата е снимена во Буенос Аирес, во текот на 2006 година, со 230 епизоди. Серијата стекна голем успех во целиот свет, како и во Аргентина каде што имаше одлична гледаност. Во главните улоги настапуваат познатите Наталија Ореиро и Факундо Арана, нам добро познати по улогите во хумористичната теленовела Дивиот Ангел. Кај нас серијата моментално се емитува на Алсат М телевизијата.

                                               

Најдобрите години од нашиот живот

Најдобрите години од нашиот живот е американски драма филм, режиран од Вилијам Вајлер, во кој глумат Фредрик Марч, Мирна Лој, Дејна Ендрус, Тереза Рајт, Вирџинија Мајо и Харолд Расел. Во филмот се обработува приказната за тројца американски војници кој се обидуваат да си ги средат своите живот по враќањето од Втората светска војна. За продуцирањето на овој филм, Семјуел Голдвин бил инспириран откога прочитал колумна за ветерани објавена во магазинот Тајм на 7 август 1944, во која биле опишани тешкотиите на војниците по нивното враќање од војна и живеење како цивили. Голдвин најмил поранеше ...

                                               

Универзален живот

Универзален живот е прахристијанска заедница чие учење за основа ги зема Десетте Божји заповеди и Исусовата Беседа на Гората и откровенијата примени низ т.н. пророчка реч, односно објавите на Исус Христос преку Габриеле од Вирцбург, Германија. Прахристијанската заедница - Универзален живот не треба да се меша со американската црква "Универзален живот Црква ". Со цел да се прави разлика во англиското говорно подрачје, духовната заедница за која станува збор во наредните редови, се употребува трерминот "Universal Life: The Inner Religion".

                                               

Време, живот (филм)

Време, живот e македонски игран филм по сценарио на Иван Митевски, а во режија на Русомир Богдановски. Музиката ја компонирал Љупчо Константинов. Премиерата била одржана во 1999 година.

                                               

Животопогоден појас

Животопогоден појас - појас или подрачје во вселената каде условите се погодни за живот онакви како што се на Земјата. Постојат две зони кои треба да бидат погодни, едната во рамките на планетарниот систем и другата во рамките на галаксијата. Планетите и месечините во овој реон се кандидати за постоење на живот, па според тоа способни да создадат вонземски живот сличен на нашиот. Во нашиот Сончев Систем меѓуѕвездениот животопогоден појас се протега на растојание од 0.95 до 1.37 астрономски единици. Gliese 581 d, последната од четирите планети на ѕвездата црвено џуџе Gliese 581 околу 20 све ...

                                               

Сладок живот (филм)

Сладок живот е италијански филм од 1960 година, во режија на Федерико Фелини. Сценариото е дело на Фелини, Енио Флајано, Тулио Пинели и Брунело Ронди. Главните улоги ги толкуваат: Марчело Мастројани, Анита Екберг и Анук Еме. Филмот, направен во копродукција на "Riama Film", "Gray-Film" и "Pathé Consortium Cinéma", постигнал солиден комерцијален успех, остварувајќи бруто-приход од 19.5 милиони долари. Во 1962 година, филмот бил добитник на наградата "Оскар" за најдобра костимографија дело на Пјеро Џерарди, а бил номиниран и за најдобра режија, најдобро оригинално сценарио и најдобра уметнич ...

                                               

Право на живот

Право на живот - елементарно право на човекот засновано на верувањето дека секој човек има право да живее. Концептот за правото на живот е централен во дебати поврзани со прашањата за евтаназија, смртна казна, абортус и самоодбрана. Во член 3 од Универзалната декларација за човековите права од 1948 година стои: Правото на живот е загарантирано и со Уставот на Република Македонија, според членот 10:

Бесмртност
                                               

Бесмртност

Бесмртност е концепт за живеењето на физичка или духовна форма во бесконечна должина од време. Бидејќи бесмртноста е негирање на смртноста, односно на умирањето, луѓето отсекогаш се занимавале со неа. Во Епот за Гилгамеш, едно од првите книжевни дела што датира од 22 век п.н.е., главниот јунак е во потрагата по бесмртност за себеси. Религиите зборуваат со бесмртноста на душата, а оваа тема е чест предмет на шпекулации, фантазија и дебата.